Рекорден број пријавени на стрип-конкурсот „Велес 2025“

August 11, 2025
1 min read

Рекордни 396  автор од цел свет  се пријавија на 22 по ред Меѓународен салон за стрип „Велес 2025“. Од нив 164 се од нашата земја.

Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани  од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација кај нас.(20.08.2024 во Велес)

Според Томе Трајков , програм координатор на Стрип центарот на Македонија, надминувањет на ланската рекордна цифра се должи на континуираната активност како во, така и надвор од нашата земјаа. Освен докажани стрип мајстори  многу радува  откривањето на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на соработката со училиштата ширум државата, вклучено и  ликовните педагози, но и  со специјализирани едукативни студија. Скопје како метропола е солидно застапен но деметрополизацијата во делувањето на СЦМ исто така ги дава своите резултати .

Што се однесува до мегународните контакти , добра основа претставува и постојаната соработка со стрип сцената од поранешните Ју републики  , но сакако и комуникацијата со автори  од Западен балкан и други континенти.

За зголемување на вкупниот  број  на пријавени стрипови на овој конкурс ,секако треба и зголемена поддршка во смисол на ; зголемен фонд на награди, присуство на наградените автори на свеченото отварање , составување на жири од мегународни стрип автори и тн… потенцира Трајков.

Мегународниот стрип конкурс   ,како и Мегународната стрип колонија се два дела од Меѓународниот стрип салон  „Велес 2025 “ . Како засебни , но секако поврзани проекти се финансирани од страна на  Министерството за култура и туризам  на Македонија како и општина Велес.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата

Следно

Израелската Армија уби двајца новинари на Ал Џезира во Газа

Latest from Blog

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север,

Преку морничава пресметка е предвиден „точниот датум на крајот на светот“- би требало да се случи наскоро

Постојат безброј предвидувања за крајот на светот – едно од најраните е забележано пред речиси 4.800 години, кога еден писател од античка Асирија се пожалил на падот на моралните вредности кај помладата
Go toTop