Реката кај Косоврасти излегла од своето корито, патот исчистен и повторно прооден

November 3, 2023
1 min read

реклама


Од големите врнежи во атарот на село Долно Косоврасти реката којашто доаѓа од атарот на село Горно Косоврасти, во Општина Дебар, излегла од своето корито и го поплавила патот и околината околу со вода и земјена и камена лава/кал. Патот е исчистен по брзата интервенција со булдожер од „Кнауф Дебар“ и со приватни камиони, по што коритото на реката е исчистено и патот е повторно прооден, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК за МИА информираат дека од обилните врнежи дожд што ја зафатија Општината Дебар и околината има поплавено неколку подруми во населбата „Венес 2“ и во другиот дел од градот каде што на терен се излезени екипи од ЈП „Стандард“ и пожарникарите од ТППЕ Дебар, но немало некои поголеми материјални штети.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лога ќе бара објаснување на владината седница во вторник за законот за амнестија

Следно

Ставен е под контрола пожарот во Неготинско

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop