Регистрирани повеќе од 22.000 удари од гром во Франција во текот на денот

August 26, 2024
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Силно невреме и град зафатија многу провинции во Франција за време на викендот, а едно лице загина во сообраќајна несреќа предизвикана од дрво кое паднало на улица, известува Анадолу.

Француската опсерваторија за урагани и бури Кераунос објави дека се регистрирани повеќе од 22.000 удари на гром низ целата земја на 24 август.

Според податоците на француската метеоролошка агенција Метео-Франс, невремето минатиот викенд зафатило 24 провинции, вклучувајќи ги и провинциите Мозел, Брегот на Ор, Лоара и Рајна.

Локалните медиуми објавија дека се соборени бројни дрвја, а патиштата се поплавени во провинциите погодени од невремето.

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа предизвикана од дрво кое паднало на патот во провинцијата Мозел.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како возилата кои ги зафатил силен град формираат долги редици чекајќи на патиштата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

Следно

Почина Свен Горан Ериксон

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop