Регионален дијалог за образовни политики: Темелни реформи за поквалитетно образование

November 4, 2025
1 min read

Државите од Западен Балкан полесно можат да напредуваат кога заедно и гласно размислуваат за тоа што му е потребно на образованието во секоја од земјите. Ние сме слични народи, со блиски обичаи, култури и традиции, а тоа значи и слични образовни системи и предизвици. Токму затоа, полесно ги согледуваме заедничките проблеми и побрзо можеме да најдеме решенија што со мали прилагодувања се применливи во нашите земји. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на отворањето на Регионалниот дијалог за политики за квалитетно образование, што се одржува во Скопје, организиран од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со ОЕЦД и Европската комисија.

-Во Македонија веќе 16 месеци работи нова Влада која со голем ентузијазам започна нова реформска агенда во образованието. Претходно видовме многу обиди, но малку континуитет. Министрите се менуваа пребрзо, со просечен мандат од година и пол, секој со свои приоритети и идеи. Овој пат, со принципиелноста и решителноста на оваа Влада, уверена сум дека вложениот труд ќе даде резултати на среден рок, посочи Јаневска.

Дијалогот е можност за експерти од Регионот, врз основа на меѓународните истражувања колку научиле учениците и како работат наставниците, да разменат добри практики и да обликуваат практични решенија за подобрување на резултатите од учењето.

-Секако, не сме задоволни од резултатите на ПИСА тестирањата. Тоа не значи дека нашите ученици немаат знаење, туку дека мораме подобро да ги подготвиме за начинот на кој се тестираат нивните компетенции, рече Јаневска, додавајќи дека со конкретните чекори за промени што ќе донесат подобри резултати, опфатени се сите сегменти на образовниот систем.

Во основното и средното образование се менуваат наставните програми, се изготвуваат современи учебници, се инвестира во модерна опрема, особено во областа на природните науки. Посебно внимание се посветува на стручното образование, веќе се формирани 7 од 8 регионални центри за стручно образование и обука, од кои 4 се целосно опремени и функционални.

Јаневска укажа дека за само 16 месеци во образовната инфраструктура се вложени рекордни 64 милиони евра. Платите на наставниците се зголемени за 12%, а преку професионален и кариерен развој тие можат да напредуваат, што носи и поголем личен доход.

-Инклузијата е еден од нашите најважни приоритети. Значително е зголемен бројот на асистивен кадар во училиштата, а формирани се и државни основни и средни училишта со ресурсни центри. Работиме и на оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменско работење, за учениците да поминуваат повеќе време таму каде што најмногу учат и растат – во училниците, појасни министерката Јаневска.

Со цел реформата да има континуитет, Јаневска ја образложи иницијативата за усвојување на Национална декларација за образованието, како собраниски документ што ќе биде патоказ и гаранција дека без разлика на политичките промени, развојот на образованието нема да трпи застој ниту отстапки.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СПОРТ СЕКАДЕ ЗА СИТЕ! Нов спортски центар во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Следно

Коњановски: Слободата на Битола е завет што мора да го пренесеме на идните генерации

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop