„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

March 27, 2026
1 min read

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра.

„Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони евра“, изјави Трипуновски и додаде:

„Не треба да се грижат земјоделците за субвенциите. Во минатото имаше една сериозна дупка на исплата на субвенции. Првата година од 2024-та, со пренамената и ребалансот, се обезбедија 40 милиони евра за исплата на стари долгови. 2025-та продолживме да исплаќаме долгови. Зошто не биле исплатени тогаш, не знам. Тетковната 2026-та година со носење на програмата, досега се исплатени 30 милиони евра субвенции. Точно е дека има за дел од 2024 година, но за предмети кои биле дополнително ревидирани. Согласно правилата и исплата на субвенции, во тековната 2026-та година до шести месец ќе исплатиме најголем дел од субвенциите од 2025-та“, изјави Трипуновски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

Следно

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.
Go toTop