Речиси четвртина од децата на возраст од 10 и 11 години во Англија се со зголемена телесна тежина

January 25, 2024
1 min read

Речиси секое четврто дете на возраст од 10 и 11 години во Англија е со зголемена телесна тежина, покажува најголемата студија за овој проблем, што укажува на „длабокото и алармантно“ долгорочно, негативно влијание на пандемијата со коронавирус.

Во текот на првата година од изолацијата, стапката на дебелина се зголемила за 45 отсто кај децата на возраст од четири до пет години и за 21 отсто кај децата на возраст од 10 до 11 години, открива анализа која опфатила повеќе од еден милион деца, пишува лондонски „Гардијан“.

Преваленцата на дебелината меѓу децата од предучилишна возраст оттогаш во голема мерkа се врати на очекуваните, иако и натаму загрижувачки, нивоа, но процентот на деца кои го напуштаат основното училиште со прекумерна телесна тежина, дебелина или тешка дебелина останува многу поголем отколку пред пандемијата.

Експертите велат дека ова е веројатно поради тоа што помалите деца се вратиле на поздрав начин на живот, но многу постари деца развиле лоши навики во исхраната, недоволно вежбале и поминувале долго време пред екранот.

Зголемувањето на бројот на деца кои се на пат да имаат зголемена телесна тежина или имаат зголемена телесна тежина од почетокот на пандемијата значи дека уште најмалку 56.000 деца ќе пораснат со зголемен ризик од дијабетес тип 2, рак и други сериозни болести, предупредуваат истражувачите од Националната Институт за истражување на здравјето и негата во Саутемптон при Биомедицинскиот истражувачки центар на Универзитетот во тој град.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бомба“ на српската естрада: Се разведуваат Харис и Мелина Џиновиќ

Следно

Комплетиран составот на техничката влада

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop