Речиси 6.500 бебиња се родени во јужна Туркије по двата земјотреса што го погодија регионот

February 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Речиси 6.500 бебиња се родени во јужна Туркије откако двата разорни земјотреси го потресоа регионот минатата недела, соопшти денес турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Анадолу.

„Вкупно 6.447 бебиња се родија во регионот погоден од земјотресот од првиот ден на катастрофата. Секое родено дете е надеж“, рече Коџа во Координативниот центар на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во јужната област Хатај.

Посакувајќи им убав и долг живот на бебињата, Коџа рече дека „непречено им се пружаат потребните здравствени услуги на бебињата и на нивните мајки“.

Во однос на прегледите, министерот за здравство рече дека во регионот погоден од земјотресот се извршени 10.489 медицински опсервации на бремени жени, а бројот на постпородилни следења исто така е над 10.000.

Тој истакна дека биле направени над 10.000 неонатални земања крв за преглед, над 5.100 бебиња биле снимени за спинална мускулна атрофија, и биле дадени 154.212 дози вакцини во рамките на програмата за имунизација на децата.

Освен тоа, во однос на останатите здравствени услуги во подрачјата погодени од земјотресот, Коџа рече: „Од денеска, бројот на хоспитализирани пациенти поради земјотресите во 10 области на катастрофата изнесува 6.108. Вкупниот број на пациенти е 21.859. Вкупниот број на отпуштени пациенти е над 13.500.“

„Повеќе од 51.150 пациенти и повредени лица се префрлени од подрачјето погодено од земјотресот во болниците во другите градови“, рече тој.

„Исто така, формирани се 114 единици за итни случаи и 25 теренски болници во областа на катастрофата“, посочи турскиот министер.

Според најновите податоци, најмалку 40.642 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во турската област Кахраманмараш погодија и 10 други јужни турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Хатај, Газиантеп, Малатија, Килис, Османије, Елазиг и Шанлиурфа. Над 13 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.

Тие беа почувствувани и во други земји во регионот, а најкатастрофално во Сирија, каде што загинаа најмалку 5.840 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ нема мандат да разговара за нешто што не е одобрено од граѓаните

Следно

Мицкоски: Не е точно дека инфлацијата на цените на храната е увезена, во еврозоната инфлацијата е двојно помала

Latest from Blog

Арсовскa: Џабе се слика со лажен хероизам, Ѓорѓиевски со друго не може да се пофали

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на својот Фејсбук профил истакна дека проблемот во село Батинци, каде се излеа Маркова река и создаде поплави, е поради тоа што општинските власти не

Тоневски во Отворено: Нашата анализа покажа дека нема цијанид во реката

Директорот на „Булмак 2016“, Тони Тоневски во Отворено рече дека лабораториската анализата што ја направиле по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажала дека немало присуство на цијанид во Тораничка река.  „Покачената ПХ вредност

Филков му врати на Милошоски: Очигледно е неинформиран и изолиран, го упатувам во партија или пак во Влада – можеби конечно ќе го известат за постапките!

Министерот за правда Игор Филков вечерва испрати реакција по повод изнесените наводи на Антонијо Милошоски во Топ тема на Телма. „Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро

Пука ли владината коалиција? Милошоски со критики за Филков

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси. Во Топ Тема на Телма, Милошоски ја коментираше работата на Филков, кој доаѓа од ЗНАМ, партија од владината

ДХЛ ќе ги доставува ковертите со гласачки ливчиња за албанската дијаспора во 85 земји

Поштенската компанија „ДХЛ“ ќе ги транспортира гласачките ливчиња, за мајските парламентарни избори, до албанските иселеници, во 85 земји во светот, процес кој Албанија ќе ја чини 10 милиони евра. -Распределбата на 245.808
Go toTop