Речиси 2.900 загинати во земјотресите во Мјанмар, 72 се водат како исчезнати во Тајланд

April 2, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во земјотресите во Мјанмар се приближува до 2.900, додека 72 лица се водат како исчезнати во Тајланд, објави денес „Синхуа њуз“, пренесува Анадолу.

Според информативниот тим на Советот на државната управа на Мјанмар, бројот на загинати во Мјанмар достигна 2.886, со 4.639 повредени, а 373 сè уште се водат како исчезнати.

Во соседен Тајланд, 72 лица сè уште се водат како исчезнати во главниот град Бангкок, додека потрагата по телата продолжува на местото на урнатиот блок на кулата на Државната ревизија, објави денес тајландски ПБС.

Два разорни земјотреси, со магнитуда од 7,7 и 6,4 степени ги потресоа во петокот Мјанмар и Тајланд со епицентар во регионот Сагаинг, кој наводно претрпел најголеми штети.

Тајландските и меѓународните спасувачки тимови се менуваа во текот на ноќта, работејќи со кучиња трагачи и тешка опрема за да ги подигнат големите бетонски блокови со цел да стигнат до исчезнатите лица.

Официјален претставник на спасувачките служби призна дека на тимовите им е ограничена тешката машинерија што можат да ја распоредат истовремено.

Околу 100 работници беа во зградата на Државниот завод за ревизија во Бангкок кога се урна во петокот, по силниот земјотрес со епицентар близу регионот Мандалај во соседен Мјанмар.

Неколку земји му пружија помош на Мјанмар за справување со последиците од земјотресите. Јапонија денес соопшти дека е подготвена да обезбеди итна помош од 6 милиони долари за погодените од земјотресот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз

Следно

ВИДЕО: Нападнат судија во Перу, се одбрани со кунг-фу потег

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop