Реално намалување или лажна „кошничка“?! СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во меѓусебни обвинувања

December 15, 2024
1 min read

Партиски препукувања за новогодишната кошничка. За едните таа е измама и нема никакво намалување на цените во малопродажбата, додека за другите, тоа е реалност и видливи биле намалените зени на околу 1000 производи кои се опфатени со кошничката.

СДСМ обвинува дека, наместо реални мерки за подобар живот за граѓаните, владата на чело со Мицкоски им овозможила на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Од помпезно најавуваната есенска кошничка добивме само раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, велат од СДСМ.

–Мицкоски најави и новогодишна кошничка со наводно пониски цени на прехранбените производи, но по истиот модел, откако ја најави, тој им остави време на трговците да ги зголемат цените. Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

СДС го покачи ДДВ за прехранбени производи и убедуваше дека чипсот е нездрав и луксузен продукт, а со Новогодишната кошничка за прв пат се опфатени 1000 производи, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на Костова. Од владејачката партија додаваат дека за разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за раздвижување на економијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ воедно обвинија дека за време на владеењето на СДСМ, 500 илјади македонски граѓани биле оставени на раб на сиромаштија кои денот го поминувале со 150 денари, пензионерите протестирале пред влада со празни тегли, бидејќи како што велат, пензиите кои што им ги даваше владата на СДС не им стигаа дури ниту за зимница да си направат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако забележат граѓаните измами со цените од „Новогодишната кошничка“ да пријават на 191

Следно

Тошковски: Полицијата со зголемено присуство за време на празниците со цел обезбедување на безбедноста и спокојот на сите граѓани

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop