Реална е заканата на Путин дека ќе користи тактичко нуклеарно оружје, смета Бајден

June 20, 2023
1 min read

Путин претходно посочи Русија го распоредила своето прво тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, а белорускиот претседател Лукашенко посочи дека станува збор за оружје од кое дел било три пати помоќно од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека заканата од рускиот претседател Владимир Путин дека може да користи тактичко нуклеарно оружје е реална.

„Кога бев тука пред околу две години и реков дека сум загрижен поради пресушувањето на реката Колорадо, сите ме гледаа како да сум луд. Тие ме погледнаа како кога реков дека сум загрижен поради тоа што Путин користи тактичко нуклеарно оружје. Тоа е реално“,

рече Бајден пред група донатори во Калифорнија.

Ваквата оценка доаѓа откако во саботата, изјавата на Путин дека Русија го распоредила своето прво тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, Бајден ја нарече „апсолутно неодговорна“.

Покрај Путин, за ова зборуваше и белорускиот претседател Александар Лукашенко кој минатата недела рече дека неговата земја почнала да презема руско тактичко нуклеарно оружје, од кое дел, според него, било три пати помоќно од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Упорно нè лажат за Украина, каде е гневот?

Следно

Данска го укинува тестот за дански јазик како услов за медицинските сестри

Latest from Blog

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop