Реал скова план како да плати 150 милиони евра за Вирц, ќе продаде една ѕвезда

May 16, 2025
1 min read

Реал Мадрид е подготвен да им парира на Баерн Минхен, Манчестер Сити и Ливерпул во трката за потписот на Флоријан Вирц, „кралевите“ се подготвени да го продадат Родриго и со овие пари да тргнат по потписот на Германецот.

Флоријан Вирц треба да биде еден од трансферите кои летоска ќе го обележат преодниот рок, Баерн Минхен сериозно загриза за перспективниот фудбалер, а свои математики имаат и Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул.

Како што пренесува новинарот Флоријан Плетенберг, Баер Леверкузен без размислување ќе одбие 100 милиони евра и ќе инсистира сумата потребна за реализирање на зделката да биде околу 150 милиони евра.

До овој момент нема пристигнато ниту една конкретна понуда, но сите внимателно следат што се случува.

Реал Мадрид се посочува како аутсајдер, но „кралевите“ можат да ја изненадат конкуренцијата, Флорентино Перез размислува да го продаде Родриго и со овие пари да тргне по потписот на Флоријан Вирц.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: „Притисокот врз Русија мора да продолжи сè додека не биде подготвена да ја заврши војната“

Следно

Ердоган: „Турција е носител на хуманитарната и мировната дипломатија во светот“

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop