Реал Мадрид со најголема заработка во Лигата на шампиони

April 5, 2023
1 min read

Актуелниот европски првак Реал Мадрид оствари најголема заработка од настапите минатата сезона во Лигата на шампиони, инкасирајќи 133.7 милиони евра, соопшти денеска УЕФА.

Вкупната заработка на Реал вклучува основна уплата за влез во групната фаза, бонуси за остварените резултати, делот од шпанските права за емитување и дополнителна исплата врз основа на историските рекорди на клубовите во натпреварувањата на УЕФА.

Ливерпул, кој во ланското финале беше поразен од Реал, е втор на листата според заработка со вкупно 120 милиони евра од вкупниот награден фонд на УЕФА во Лигата на шампиони од над две милијарди евра.

Само уште два други клуба заработија деветцифрени суми – Баерн Минхен речиси 110 милиони евра и Манчестер сити 109 милиони евра.

УЕФА објави дека 32-те екипи кои настапуваа во групната фаза во ЛШ во просек заработиле 61.8 милиони евра, а најниската исплата во износ од 23.7 милиони евра е уплатена на молдавски Шериф.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Блинкен: Утврдуваме дали Русија незаконски го притвори новинарот Гершкович

Следно

Хависто: Билатералните прашања не треба да бидат дел од процесот на проширување или преговорите со ЕУ

Latest from Blog

Аморим: Понекогаш е многу тешко да се разбудат добри емоции во нашиот клуб

Рубен Аморим ја коментираше победата на неговиот тим Манчестер Јунајтед од 4:2 против Брајтон во натпреварот од 9-тото коло од англиската Премиер-лига. „Се чувствувам добро. Три бода дома. Игравме добро, но на

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана доби поддршка од ФУЕН за правата на малцинствата

Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН),  на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана. ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган,

Јовица Илиевски: Брвеница се гради со проекти, не со поделби

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, денеска заедно со премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретнаа со граѓаните во пресрет на вториот круг од локалните избори. Илиевски истакна дека за време

Уапсени двајца крадци од Лувр

Истрагата за спектакуларниот грабеж на бесценетите француски крунски скапоцености од музејот Лувр на 18 октомври добива на интензитет. Според најновите информации, двајца осомничени се уапсени и приведени во саботата навечер. Истрагата за
Go toTop