Реакција од СУНСП: Сметководителите не смеат да бидат мета на политички дискредитации

July 10, 2026
1 min read

Во рамките на собраниските дебати поврзани со тековниот ребаланс на буџетот, со загриженост ги забележуваме обидите на еден пратеник од македонското собрание за користење на статусот “сметководител” во негативен и пејоративен контекст, со цел да се омаловажат носителите на јавните функции.

Поразително е кога во недостиг на издржани економски аргументи, се посегнува по понижување на цела една професија која е од витално значење за државата. Сметководителите не се алатка за политички пресметки. Тие се неизоставен столб на фискалниот систем, чувари на финансиската законитост и дисциплина, како и луѓе кои со децении го носат товарот на даночниот и фискалниот систем на Македонија на своите плеќи. Нивната секојдневна работа е клучна за препознавање, лоцирање и санирање на сите аномалии во финансиското работење.

За разлика од праксата во минатото со нереални проекции и прикривање на финансиските обврски, управувањето со јавните финансии бара прецизност, транспарентност и соочување со реалната состојба со чисти сметки.

На пратеникот му укажуваме дека сметководителите се високопрофесионални кадри со докажан интегритет, кои со апсолутна посветеност ги пресметуваат фискалните давачки и директно придонесуваат кон даночната и економската стабилност на државата. Потценувањето на нивниот труд е потценување на целиот деловен и економски систем.

Наместо лични и професионални дисквалификации, јавниот дискурс наметнува потреба од почит кон сметководствената професија и конструктивна дебата базирана на факти. Затоа, очекуваме јавно извинување за користењето на статусот “сметководител” во негативен и потценувачки тон.

Совет за унапредување и надзор над
сметководствената професија на
Република Македонија

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вклучен црвен аларм: Натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство може да биде одложен!

Следно

Науката потврдува дека современите технологии во рударството, како што би биле и во „Иловица“, се безбедни

Latest from Blog

„ПОЛИТИКО“ – ЦРНА ГОРА И ИСЛАНД МОЖАТ ЗАЕДНО ВО ЕУ – Брисел отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи

Највисокиот исплатен К-15 е 469.190 денари, задолжителниот минимум е 19.567

Само 15 отсто од вработените земале регрес за годишен одмор заклучно со први јули. Просечниот нето-износ на исплатен регрес изнесува 28.562 денари. Оние работодавачи во приватниот сектор што сега исплатуваат регрес за

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во јули се намали на 2,3 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови. Според податоците на

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот
Go toTop