Реакции во Приштина на гласањето во Парламентарното собрание на СЕ: Голем ден за Косово

April 16, 2024
1 min read

Парламентарното собрание на Советот на Европа го усвои извештајот на известувачката на СЕ за Косово, Дора Бакојани за членство на Косово во организацијата, по што на Косово сега му останува само еден чекор за членство во Советот на Европа, а тоа е гласањето на министрите за надворешни работи на Советот во мај годинава.

-Се слушна гласот на Европејците! Благодарност до сите пратеници кои денеска во Парламентарното собрание гласаа за членство на Косово. Голема благодарност до нашата делегација и сите оние кои континуирано го поддржуваат народот на Косово. Уште еден чекор!, напиша косовската претседателка, Вјоса Османи на платформата „Х“.

Косовскиот премиер Албин Курти во реакцијата по веста, исто така на „Х“, оцени дека ова е голем ден за Косово.

-Голем ден за Косово, гласањето за нашата апликација за влез во Советот на Европа. Ова е убедливо одобрување на евиденцијата на нашата земја за човекови права, демократија и владеење на правото, со што Република Косово е чекор поблиску до полноправно членство, напиша Курти.

Реагираше и министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала-Шварц, откако Парламентарното собрание на Советот на Европа го одобри извештајот на Дора Бакојани за членството на Косово во Советот.

-Европејците зборуваа јасно и гласно! Благодарност до сите пратеници на Парламентарното собрание за цврстата поддршка вечерва за членството на Косово во Советот на Европа. Напред кон следниот историски момент, напиша Гервала-Шварц.

Косовската опозиција исто така ја поздрави веста за гласањето за членство на Косово во Советот на Европа.

Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи им се заблагодари на оние кои гласаа за одложување на овој процес, особено на романскиот пратеник Јулијан Булаи, кој, според него, заедно со пратениците на ПДК придонеле за секој чекор од овој процес.

– Сега со оптимизам, посветеност и лобирање го чекаме конечното гласање на Комитетот на министри за надворешни работи, кое ќе се одржи за еден месец, напиша опозицискиот лидер на Фејсбук.

Усвојувањето на овој извештај во вторник од Парламентарното собрание на Советот на Европа го поздрави и лидерот на Алијансата за иднината на Косово, поранешниот премиер, Рамуш Харадинај.

Според Харадинај, оваа поддршка е колосален чекор во меѓународната афирмација на позицијата на Република Косово.

-Нашата нова држава, граѓаните на Косово, ги поставија цврстите темели на демократијата, човековите права и слободи. Оваа посветеност, вкоренета во духот на Уставот и духот на граѓаните, беше ценета од земјите-членки на Советот на Европа, напиша Харадинај.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието на Советот на Европа го поддржа членството на Косово

Следно

Инцидент во Франција: Се обиделе со дрон да достават дрога во затвор

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop