Реакции од надлежните за сторијата на тв 24 за самохраниот дедо Слободан Маџовски

March 20, 2024
1 min read

Приказната на малата Ана и нејзиниот дедо, Слободан Маџовски конечно доби свој епилог – допре до институциите. ТВ 24 побара став од дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска откако претходно од кабинетот на технички министер, Ѓоко Велковски ни беше кажано дека немаат надлежност да постапуваат.

Тренчевска, откако стапивме во контакт ни кажа дека во врска со случајот за самохраниот дедо Слободан Маџовски и неговата внука Ана, нејзиниот тим стапи во контакт и темелно ја разгледа ситуацијата. По разговор со дедото Маџовски утврдиле дека може веднаш да се започне постапка за остварување на права и услуги од социјалната заштита. Тренчевска рече и дека ќе направи се за малата Ана.

 

„За мене пред се е детската заштита и обезбедување на безбедна и здрава средина за Ана, затоа го предложивме роднинското згрижување како форма на заштита на детето. Воедно ќе биде дадена и материјална поддршка на семејството. Веќе е договорен увидот во домот и веднаш потоа ќе започне постапката. Како министерка секогаш се водев по тоа директно да помагам на граѓаните, затоа и особено ја ценам соработката со медиумите. Тие се нашите теренски дописници кои ги познаваат предизвиците на граѓаните! Јас лично ќе направам се малата Ана да продолжи да ги ужива непречено своите детски денови!“- вели дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

По четири дена обид да го добиеме техничкиот министер, Ѓоко Велковски денеска и тојсе огласи, со конкретни чекори за помош на малата Ана и нејзиниот дедо се со цел како што рече заштита на интересите на малолетното дете.

 

„Ве известуваме дека по објавувањето на сторијата за малолетното девојче А.М , во целост се превземени мерки за заштита на интересите на малолетното дете. Имено, во овој момент на дедото како близок сродник по мајчина линија ќе му се обезбеди роднински додаток за згрижување во износ од 13.209,00 денари. Воедно, заради надминување на социјалните ризици ќе се превземат и дополнителни мерки за психосоцијална поддршка на семејството од страна на специјализирани стручни тимови.“ – вели техничкиот министер за труд и социјална политика.

Но пред да се огласат институциите, за помош први се понудија граѓаните, меѓу нив и директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски кој посочи дека стои на располагање да ја чува малата Ана додека дедото е на работа. Но имаше и многу други вработени по институции кои се јавија да понудат било каква помош доколку институциите не излезат во пресрет на малата Ана и нејзиниот дедо Слободан Маџовски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акане: Путин не може да ја избегне правдата

Следно

Јакимовски поднесе кривична пријава откако се најде на црна листа: Не можам да прифатам да бидам на иста листа на која бил Осама Бин Ладен

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop