Реакции на израелскиот план за прекин на огнот во Газа што го претстави Бајден

June 1, 2024
1 min read

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го поздрави предлогот за договор за прекин на огнот во Појасот Газа, кој вчера го претстави американскиот претседател Џозеф Бајден.

Гутереш на Х изјави дека е дојдено време да се стави крај на „страдањето и уништувањето во Газа“ и ги повика сите страни да ја „искористат можноста за прекин на огнот, ослободување на сите заложници, гарантиран непречен хуманитарен пристап и на крајот одржлив мир на Блискиот Исток“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен исто така изјави дека се согласува со Бајден дека предлогот е значајна можност да се придвижи кон крај на војната и страдањето на цивилите во Газа.

– Овој пристап од три чекори е избалансиран и реален. Сега му е потребна поддршка од страните, напиша Фон дер Лајен на Х.

Планот го поздрави и германската министерка за одбрана Аналена Бербок, која оцени дека израелскиот предлог презентиран од Бајден „нуди трошка надеж и можен излез од воениот ќорсокак“.

Таа, исто така, нагласи дека милитантната група Хамас мора да ја докаже својата посветеност за крај на конфликтот.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го поздрави планот на Израел, како и поранешниот американски претседател Барак Обама, кој рече дека прекинот на огнот „нема да го реши долгогодишниот конфликт меѓу Израелците и Палестинците“, но оти „може да го запре тековното крвопролевање“.

Бајден вчера го претстави израелскиот план во три фази за ставање крај на конфликтот во Газа, што израелските власти му го понудија на Хамас.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел ги овластил преговарачите да презентираат договор за прекин на огнот во Газа, откако Бајден откри детали од планот за прекин на огнот.

Во исто време, палестинската милитантна група Хамас соопшти дека позитивно гледа на содржината на израелскиот предлог за прекин на огнот во Газа, претставен од Бајден.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дознајте на кој прст треба да носите накит: Среќа, љубов или пари – еве како да подобрите одредени животни полиња

Следно

Ангеловска-Бежоска: Политики за поголема финансиска вклученост на жените се неопходни за забрзување на економскиот раст

Latest from Blog

Се подготвува терен за „безбеден град“, од следната година одземање на возилото по тешки сообраќајни прекршоци

Ако возите автомобил под дејство на алкохол или додавате гас и летате низ улиците или направите тежок сообраќаен прекршок, покрај што ќе заработите казна, ќе ви биде одземено и возилото. Од јануари

СТЕВАН СМИЛЕВСКИ ЈА ПРИМИ АРХИТЕКТОНСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“

Во галеријата на МАНУ, претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Валентино Константиновски, му ја врачи наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на архитектот Стеван Смилевски. Оваа награда се доделува како признание

Див приклучок – крадел по половина олимписки базен вода дневно од скопскиот водовод

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ (ЈПВК) денеска соопшти дека во координација со МВР открило нелегален приклучок на градската мрежа за питка вода во општина Сарај. При контролата било утврдено дека

Турскиот претседател ги повика Азербејџан и Русија да покажат воздржаност поради тензиите

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика Русија и Азербејџан да покажат воздржаност поради зголемените тензии меѓу двете земји, истакнувајќи дека Анкара има „длабоки и стратешки врски“ и
Go toTop