Реакции: “Излезот“ на Таравари од владата ќе биде “влез“ во предвремени парламентарни избори

May 6, 2025
1 min read

Не стивнуваат политичките бранувања по најавите за самостојни настапи на Таравари во одредени општини на локалните избори но и создавањето заедничко претседателство на ВЛЕН од неговите доскорешни колициски партнери.

Според аналитичарот Благојче Атанасовски случувањата во албанскиот блок ќе бидат лакмус тест дали ќе има политичка мини реконструкција во Владата на Мицкоски со Таравари како помал етнички партнер или ќе му биде покажана излезната врата од Илинденденска 2.

Според Атанасовски, Таравари кој јавно не исклучи соработка со други партии во вториот круг, меѓу кои и со ДУИ за да соработува и да добие поддршка од Европскиот фронт важен е и ставот на Зијадин Села, претседател на другото крило на Алијанса за Албанците, кое е дел од фронтот и негов опонент.

Од ДУИ реагираа на изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според која нема потреба од предвремени избори ако Владата има 61 пратеник, дури и доколку албански пратеници ја напуштат коалицијата. Интегративците ја обвинија дека станала „гласноговорничка на едноетничката доминација“, а не чувар на соживот и консензус.

– Во време кога мултиетничкиот карактер на Македонија е под сериозна закана, претседателката Гордана Сиљановска Давкова отворено се позиционираше на страната на Владата, занемарувајќи ги механизмите за заштита од етничка мајоризација. Претседателката испраќа јасна порака дека етничкиот баланс и чувствителноста на коалициските партнерства не се дел од нејзиниот политички приоритет. – ДУИ.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја отфрла идејата за двојни избори наесен. Пратеникот Бојан Стојановски за 24 анализа рече дека локалните избори ќе покажат дали граѓаните сакаат предвремени парламентарни избори.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светските мапи нацртани со различни проекции можат да ја насочат перцепцијата на општествата

Следно

Ќоку: Некој многу се додворувал вчера на средбата – Вреди реагира за останувањето на Таравари во Влада

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop