Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник

December 4, 2023
1 min read

Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник и промоција на неговото творештво ќе се одржи денеска во литературно кафе „Метаноја“ во Скопје. Промотор на настанот ќе биде д-р Коста Милков.

Стихови во превод на македонски јазик на Теодора Кркачева и Влајко Марјановиќ ќе интерпретира Винсент Вилчник. Истовремено, настанот ќе биде збогатен и со краток музички репертоар во изведба на Ребека Влаисављевиќ.

Мултимедијалниот уметник Рок Вилчник – рокгре, е еден од најзначајните словенечки современи драматурзи. Се занимавал со ликовна уметност, има објавено четири стихозбирки, четири романи, повеќе од 35 драмски текстови и учествувал во проекти на многу словенечки театри. Драмските текстови на Вилчник биле девет пати номинирани за Грумовата награда; три пати ја добил Грумовата награда, за драмите „Тоа“ (2000), „Ѓубре на месечината“ (2008) и „Народен демократски циркус Сакешвили“ (2016).

Промоцијата е финансиски поддржана од Јавната агенција за книга на Република Словенија и Европската фондација за регионални развој

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Запалениот автомобил со кој Вања била киднапирана и донесена во село Бразда

Следно

Израел ќе ги лови лидерите на Хамас како нацистите

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop