Разговор Ердоган – Путин: Туркије е подготвена да развие соработка со Русија во борбата против тероризмот

March 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Тајип Ердоган, вчера телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, известува Анадолу.

Ердоган му изразил длабока тага и сочувство на Путин поради терористичкиот напад во Москва, се вели во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на турскиот претседател.

Најостро осудувајќи го грозоморниот терористички напад што подло беше насочен кон невини луѓе и изразувајќи сочувство, претседателот Ердоган истакнал дека нападот ја покажува потребата што поскоро на мирен начин да им се стави крај на кризите во регионот.

Ердоган рекол дека Турција е подготвена да развие соработка со Русија во борбата против тероризмот, што подразбира борба против сите видови тероризам.

Терористичкиот напад го извршија вооружени напаѓачи вечерта на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва.

Во нападот се убиени најмалку 133 лица. Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како напаѓачите со автоматско оружје пукаат по случаен избор во салата.

Подоцна настанала и експлозија која предизвикала голем пожар, поради што се урнал кровот на зградата.

Откажани се сите јавни настани во Москва за време на викендот, а формирана е и работна група задолжена за терористички напад.

Кремљ објави дека директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворицата терористи кои директно учествувале во терористичкиот напад во Москва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пропалестински протести вчера се одржаа на 48 локации низ Велика Британија

Следно

Во Тетово и Гостивар дополнително полициско присуство на изборите

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop