Рацин.мк од Будимпешта: Ќе има се помалку политики базирани на факти и ќе расте бројот на нелиберални демократии

2 mins read

Соња ТАНЕСКА

Популистичките и нелибералните актери обично експлоатираат различни видови стравови на населението, како економски стравови или социјалните стравови, како да сакаат да ги имаат гласовите од оние луѓе кои мака мачат со финансиите, кои се плашат од војна, на пример, во Украина или војната на Блискиот исток, кои се загрижени за огромната социјална и економска трансформација, зелената транзиција или пак миграцијата, вели за Рацин.мк Булцу Хунјади, раководител на програмата за радикализација и екстремизам при Институтот „Политикал капитал“

Тој вели дека главните теми на нелибералните или илиберални лидери се се антиелитизмот, антиимиграцијата, исто така борбата за мир во контекст на војната во Украина.

-Она што најчесто го слушаме од овие актери е тоа што тие сакаат да ги експлоатираат стравовите и велат дека тие можат да го одбранат населението од секаков вид закани, надворешни, внатрешни, понекогаш симболични закани или пак физички закани по нивните животи. И така ветуваат безбедност и ветуваат националната големина, вели тој.

Според Хунјади главната последица на случувањата во светот е што во следниот период ќе видиме повеќе автократски режими, или се повеќе автократски мерки во многу земји.

-Кога доаѓаат на власт нелиберални популистички актери, тие обично прибегнуваат кон антидемократски мерки за обезбедување на нивната популарност и да си го обезбедат политичкото мнозинство. Па така можеме да видиме дека Унгарија на пример иако е земја членка на ЕУ, поради автократскиот начин на владеење е во силна комуникација со источните земји како Кина, Русија. Но исто така Унгарија наоѓа свои истомисленици за Западен Балкан, но и во некои европски земји каде соработува со лидери кои се на истата нелиберална режисмка скала, појаснува Хунјади.

Тој вели дека важно е да се спомене дека повеќето нелиберални политичари користат симболични теми и користат симболи во нивната политика, па затоа имаме сè помалку политики кои се базирани на факти или пак рационални дебати.

Автократски режим во Унгарија

Во Унгарија последните 14 години се спорведува автократски систем и земјата е се помалку демократска. Владата на премиеро Виктор Орбан започна многу мерки, кои го намалуваат функционирањето на правото поради што заработи многу критики од ЕВропската Унија но и САД.

-Тоа е една од причините, или главната причината зошто унгарската влада се сврте кон Исток, бидејќи од Западот главно добива критики, а од исток главно добива пари, но исто така добива енергија, што е многу важно за економските политики на унгарската влада, како евтина енергија од Русија, вели Хунјади.

Како дел од својата стратегија, ето тоа што Владата на Орбан инвестираше многу политички и финансиски ресурси за воспоставување политичка соработка и политичко партнерство со истомисленици во ЕУ, преку Европа, а исто така и во САД.

-Унгарската влада формираше многу организации кои се вклучени во ова градење на влијание, како што ние го нарекуваме тоа, во Унгарија и во однос на Западен Балкан. Бидејќи за Орбан е важно, е да има некои лидери кои се пријатели на унгарската влада кои секако треба да се лојални и обврзани со унгарската влада во еден вид зависна врска, додава Хунјади.

Токму затоа според него унгарската влада обезбедува финансиска помош или заеми за овие лидери пред се од Западен Балкан или други алатки или други форми на практична помош за овие влади за да воспостави зависност во овие земји за да има своја корист за време на евроинтегративниот процес или пак кога ќе станат дел од ЕУ.

-Но, исто така, мислам дека унгарската влада се надева дека ќе добие некој вид на финансиски придобивки од сите овие односи, луѓето блиски до Орбан би инвестирале во овие земји и профитот што тие ќе го генерираат ќе се врати назад во Унгарија и како поддршка на финансиската основа на режимот на Орбан, вели Хунјади.

Во однос на финансиската помош на Северна Македонија, и тн унгарски кредит тој вели дека има кинески план и тоа со фокус на Коридорот 10 од Грција до Унгарија па преку Европа.

-И според изјавите на унгарската влада, исто така врските со Северна Македонија се многу важни затоа што дел од договорот со Кина е овој коридор кој е од исклучително значење, така што заемот што унгарската влада го обезбедува за Северна Македонија всушност е дел од заемот што унгарската влада го зеде од Кина. Така и односот меѓу Унгарија и Северна Македонија е поврзан со односот на Унгарија со Кина и помагање да продре кинеското економско влијание во Европа.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

Најниска тепература утрово во Берово, дневните ќе достигнат до 20 степен

Следно

ПИЈАНО РЕЦИТАЛ И КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Latest from Blog