Растот на цените на храната е само 0,3 % – инфлацијата е во другите сектори

August 7, 2025
1 min read

Инфлацијата во јули годинава изнесува 1,1% соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Растот на производите за здравје, храната и безалкохолните пијалоци изнесува 0.3%. Додека најмногу за растот на трошоците на живот во претходниот месец придонесоа транспортот за 9.9%, рекреација и култура за 2.1%, рестораните и хотелите за 1.2%, мебел и одржување на домаќинствата за 0.7%

Во јули 2025 во однос на претходниот месец, јуни 2025, намалување на трошоците за живот е забележано кај разновидните стоки и услуги и алкохолните пијалоци, тутун и наркотици за 0.1%.

Во однос на истиот месец од минатата година, сега во јули индексот на трошоците на живот бележи раст од 4.8%, а индексот за цените на мало зголемување од 5.3%.

 

Од Владата пред неколку дена најавија дека ако имаме зголемување на цените кај храната ќе донесат мерки за стабилизирање на ценовниот раст на производите во маркетите.

Последните податоци потврдуваат дека инфлацијата „се префрли“ од трпезата кон резервоарот, хотелските фактури и забавата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инфлацијата во јули 4,8% – Народната банка прави анализи дали би дејствувала

Следно

Канада забележува зголемување од 1.800 % на исламофобијата по 7 октомври 2023 година

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива непречено, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Анчелоти го отпиша Нејмар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот на играчи за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска. Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра против Франција во Бостон на
Go toTop