Расте бројот на жртви во поплавите во Шпанија

October 31, 2024
1 min read

Застрашувачки снимки доаѓаат од поплавите во Шпанија предизвикани од поројните дождови со катастрофални последици и со биланс кој се искачи на најмалку100 загинати лица. Станува збор за едни од најголемите поплави во земјата во последните три децении.

Се зголемуваат обвинувањата дека во многу случаи службите за помош при катастрофи реагирале премногу бавно кога станува збор за предупредувањата, што значи дека луѓето немале време да се тргнат од патиштата или да стигнат до повисоките места. Преживеани раскажуваат за потресни искуства. 

„Работев на една бензинска пумпа, во Мансанаси кога надојде водата. Вратите се искршија и водата беше длабока два метра. Останав на врвот на објектот“.

Околу 115 илјади домаќинства останаа без струја, а имаше и проблеми со мрежата за мобилна телефонија. Околу 1.200 луѓе повеќе од 24 часа беа заглавени во своите возила. Ситуацијата е критична, особено во провинцијата Албасете, каде спасувачките екипи интензивно трагаат по исчезнати лица.

„Има исчезнати, не се знае колку, се помали се шансите да се живи, но не губиме надеж.“ – Хозе Антонио Филипе – спасувач.

Премиерот Педро Санчез прогласи тридневна национална жалост, поттикнувајќи единство и солидарност. 

„Цела Шпанија е со Вас. Наш апсолутен приоритет е да ви помогнеме. Јавните установи работат и ние сме во координација со нив.за да можеме да овозможиме и да пружиме секакви можни средства.“ – рече Санчез.

Властите предупредуваат на продолжување на лошите временски услови и им советуваат на граѓаните да се воздржат од патувања во погодените области. Поради поплавите има блокади на патиштата. Владата ги затвори училиштата во погодените подрачја низ јужна Шпанија од Малага до Валенсија. Повеќе стотици војници се распоредени за помош во погодените подрачја.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжуваат протестите во кочанско, членовите на Грин.орг се повлекуваат од блокадите

Следно

Јаневска во Собрание: Наставниците се задоволни од договорот со СОНК за континуиран раст на нивните плати

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop