Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија, издадено е предупредување за обилни врнежи и свлечишта во погодените области

January 3, 2024
1 min read

Поради земјотресот, издадени се предупредувања за цунами, а временската прогноза предвидува обилни врнежи во погодените области, што, пак, може да доведе до одрони и лизгање на земјиштето и да предизвика дополнителна штета на полуурнатите објекти и уште поотежната потрага по преживеаните

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што на првиот ден од годинава ја погоди Јапонија се искачи на 64. Се стравува оти бројот на загинати може да се зголеми поради урнатините и непристапниот терен кои им отежнуваат на спасувачите во потрагата по преживеани. Се верува дека под урнатите згради има десетици луѓе.

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Префектурата Ишикава и околните области утринава беа погодени од нов земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала – еден од десетиците последователни потреси што следуваа по плиткиот, но разорен земјотрес со јачина од 7,6 степени од пред два дена.

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Експертите велат дека првите 72 часа по земјотресот се особено критични во потрагата по преживеани бидејќи шансите за преживување значително се намалуваат по три дена.

„Поминаа повеќе од 40 часа. Ова е трка со времето и чувствувам дека се наоѓаме во критичен момент. Добивме извештаи дека многу луѓе сè уште чекаат спас под урнатините на зградите. Владата ќе направи сè што може, со врвен приоритет за спасувањето животи“,

изјави за новинарите јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Јапонскиот премиер најави и дека се зголемува бројот на војници во регионот погоден од земјотресот од сегашните 1 000 на 2 000. Армијата со помош на хеликоптери доставува помош до погодените области.

Поради земјотресот, издадени се предупредувања за цунами, а временската прогноза предвидува обилни врнежи во погодените области, што, пак, може да доведе до одрони и лизгање на земјиштето и да предизвика дополнителна штета на полуурнатите објекти и уште поотежната потрага по преживеаните.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Толку беше од Шолц?

Следно

Во Туркије приведени 56 лица барани од Интерпол

Latest from Blog

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и
Go toTop