Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена

March 14, 2023
1 min read

Генералниот секретар на Владата и кое било друго раководно лице не доставува барање до Владата за да му одобрат нешто за набавка. Тие барања се даваат кога се одобрува Буџет. Јас моето барање сум го реферирал пред министер, пред Владата и Собранието, кога сум реферирал зошто се барани тие средства, изјави поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски на денешното рочиште за случајот „Софтвери“, одговарајќи на прашање од обвинителството „дали доставил информација до Владата дека ќе набави софтвер“.

Одговарајќи на вкрстено прашање на јавниот обвинител дали како генерален секретар до Владата доставил намера за ваква набавка, Рашковски рече дека нема потреба од доставување на таква информација.

Прашан дали имал одобрување од Владата за набавка на софтверот, Рашковски рече дека нема, затоа што немал потреба да побарува и затоа не може да има.

Додека во однос на тоа дали има информација од него до Владата за фазите од имплементацијата, Рашковски рече дека според тендерска информација, потврдувањето на фазите е работа што ја прави договорниот орган.

– Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена. Не може да барате потврдување на фази на имплементација, кога пред вас имате готов производ, рече Рашковски.

Откако обвинителката укажа на исказ на едно од вештите лица дека не биле доставени податоците од МВР, Рашковски рече дека софтверот работи и без дата базите од МВР, односно дека тие се потребни за да може да изрекувате казни.

На вкрстено прашање од Обвинителството „дали текстот од тендерската документација во голем дел се поклопува со текстот од неговото патентно барање“, Рашковски рече дека приказот на техничкиот проблем, по Законот за авторски права, не е составен дел од патентните барања.

Во однос на тоа дека нема запис за присуство на работа во Владата за лицата ангажирани со авторски договор, Рашковски рече дека има запис за тоа што е сработено од нив.

– Не знам што повеќе треба од тоа. Јас имам 5.430 состаноци додека сум бил генерален секретар во Владата и од ниту еден нема записник, зошто тоа е бирократизирање на работата, рече Рашковски.

На денешното рочиште заврши изведувањето на материјалните докази од одбраната, а нејзин предлог Рашковски даде исказ пред Судот, по што беше вкрстено испрашан и од јавната обвинителка Маја Конеска.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик.

Следното рочиште за случајот „Софтвери“ е 30 март.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните револтирани: Кога ќе заврши реконструкцијата на „Митрополит Теодосиј Гологанов“?

Следно

Дебилната кансел култура нема да ме натера да се плашам од пропаста на мојот углед

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop