Расел излета од патеката на вториот тренинг за Големата награда на Мексико

October 26, 2024
1 min read

Вториот тренинг на Големата награда на Мексико беше прекинат во 13. минута поради црвени знамиња.

Британскиот возач на Мерцедес, Џорџ Расел имаше несреќа на работ од осмата кривина, удри во преградата. Пилотот сам го напушти болидот кој беше отстранет од патеката.

Дваесет и петгодишниот Британец, кој беше прв на првиот тренинг, успеа да комплетира само четири круга. Тој имашње 19. резултат – 1 минута 19.041 секунди.

Поради замена на заштитната ограда имаше прекин повеќе од 20 минути.

Вечер од 23 часот се квалификациите, додека главата трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико ќе се вози утре од 21 часот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санторини: Уникатен вулкански остров во Грција со прекрасен поглед и зајдисонце

Следно

Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop