Расчистено убиството на Орхан Бајрами – Оки, сторителот е во притвор во Македонија

January 12, 2024
1 min read

Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишник, а повреден беше 45-годишеник, двајцата македонски државјани, а сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор. Тој е осомничен и за учество во двојното убиство во март и ќе се бара негова екстрадиција во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, во непосредна близина на убиството бил пронајден пиштолот, како и ракавиците на сторителот.

Од грчката полиција соопштија дека по методична и детална истрага од страна на полициските службеници од Одделот за безбедност во Полигиро, со асистенција на Одделот за кривични дела против животот и личната слобода на Управата за безбедност во Солун, „идентификуван е странски државјанин, кој лани во јули заедно со неговиот соучесник, пукал и смртно ранил странски државјанин, нивен сонародник и повредија уште еден нивни сонародник, кои беа на одмор на Халкидики“.

Истрагата, веднаш по убиството била проширена на поширокото подрачје, што резултирало со откривање на рутата на сторителите при нивното бегство, а на оддалеченост од неколку стотини метри од вилата, во непроодна област, бил пронајден пиштолот со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут.

Од лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдено било дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.

– Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја, соопштија од грчката полиција.

Додаваат дека истрагата продолжува за идентификување на останатите соучесници или други инволвирани лица во инцидентот.

Од грчката полиција потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две маскирани лица, се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишник и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници.

Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури.

Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Расчистено убиството на македонскиот државјанин на Халкидики, сторителот е во притвор

Следно

Пентагон неколку дена бил раководен од плажа

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 18 декември 2025: Што ви носи денешниот ден?

Бик Стабилноста е ваш приоритет, а денешните транзити ги поддржуваат вашите материјални аспирации. Вашата интуиција за профитабилни зделки е силна, но не брзајте со потпишување. Обрнете внимание на удобноста во домот –

Криминалот во Лотарија го потврди и ДЗР, каде завршија 2 милиони евра украдени во време на СДС и ДУИ

Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ. ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на

Истражување: Мажите кои не се чувствуваат добро во брак секогаш ги избегнуваат овие 10 теми

Истражувачите на Универзитетот Бригам Јанг откриле дека длабоко вкоренетото незадоволство од бракот честопати го предвидува и нивото на интимност, при што мажите ги доживуваат овие емоции поинаку од нивните партнерки. Незадоволството често
Go toTop