Рама предлага меѓународна конференција за решавање на тензиите меѓу Белград и Приштина 

June 27, 2023
2 mins read

Идејата за организирање на конференција на највисоко ниво Рама ја соопштил пред медиумите по средбата со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел. Шефот на европската дипломатија, пак, предупреди дека ситуацијата дополнително се влошува и дека Брисел го губи трпението

Премиерот на Албанија Еди Рама се залага за организирање на меѓународна конференција на високо ниво за изноаѓање на решение за кризата на северот на Косово.  

Премиерот на Албанија, Еди Рама/Фото: Архива

Идејата за организирање на конференција на највисоко ниво Рама ја соопштил пред медиумите по средбата со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел.  

„Се надевам дека идејата за конференција на највисоко ниво ќе добие поддршка и ќе ги донесе лидерите на двете страни (Србија и Косово) и нивните тимови со тимовите на Европската унија и САД, и нема да им дозволи да заминат без договор. Во спротивно, тогаш ќе се соочат со сите последици од тоа, што би било многу тажно за сите“,

изјави албанскиот премиер по средбата со Борел, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Шефот на европската дипломатија Борел, пак, предупреди дека ситуацијата дополнително се влошува и дека Брисел го губи трпението. 

„Ситуацијата бара брзи потези, деескалација и итна потрага по решенија. Можам да ви кажам дека земјите членки ( на ЕУ) се согласуваат за оваа итност и го губат трпението во услови на влошена ситуација која бара итна акција“,

подвлече Борел. 

Шефот на европската дипломатија го повтори ставот на земјите членки дека Србија и Косово мора да ја деескалираат ситуацијата и да најдат начин да напредуваат врз основа на патоказот на Европската унија што го добија лидерите на кризната средба одржана на 22 јуни во Брисел. 

Високиот претставник на Европскаата Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел/Фото: Архива

За потсетување Европската унија инсистира официјална Приштина да ги повлече специјалните полициски единици од општинските згради на север, градоначалниците да ги напуштат зградите и да работат од алтернативни локации и да повикаат на вонредни локални избори за четирите општини на северот на Косово. Од Белград се бара да обезбеди учество на локалните Срби на овие избори. 

Инаку, албанскиот премиер изминатиот период е активно е вклучен во обидите за за смирување на тензиите меѓу Белград и Приштина, кои кулминираа на крајот на мај откако новоименуваните градоначалници во четири општини на северот влегоа во општинските објекти. 

 Ова прашање беше меѓу темите на разговорите што Рама ги водеше со клучните претставници на европските институции. 

Градоначалниците, косовски Албанци, беа избрани по локалните избори оджрани кон крајот на април, а кои беа бојкотирани од локалното мнозинско српско население. 

Пред новосоздадените тензии, Рама достави и свое видување за статусот на Заедницата на општини со српско мнозинство, што е обврска на официјална Приштина, која произлегува од дијалогот со Белград, што се води со посредство на Европското Унија.  

КФОР: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е единствен начин за смирување на тензиите

Денеска и мировната мисија на НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека дијалогот меѓу Приштина и Белград, со посредство на ЕУ е единствениот начин да се постигне „долгорочна стабилност и да се смират тензиите на северот на Косово“.  

Од КФОР ги поздравуваат напорите на меѓународната заедница да ги врати двете страни на дијалог за нормализација на односите. 

„Ги повикуваме сите страни да се сретнат со цел да ја деескалираат ситуацијата и да се воздржат од провокативни дејствија што се против интересите на сите во Косово“, се вели во соопштението од мисијата. 

Понатаму од мисијата на НАТО на Косово додаваат дека тие се во постојан контакт и координација со сите домашни и меѓународни фактори, вклучително и претставници на косовските институции, мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), Организацијата за безбедност и Соработка во Европа (ОБСЕ) и со Министерството за одбрана на Србија. 

 „КФОР е сè уште буден и целосно способен да го исполни својот мандат што произлегува од резолуцијата 1244 на ОН, за да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово“, се наведува во соопштението на КФОР“,

пренесува РСЕ. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) МПЦ-ОА: Спорните предлог-закони им овозможуваат права на одредени лица, но ќе ги загрозат на 99 отсто други

Следно

Трипуновски: Ситуацијата со откупот и жетвата е иста во целата Македонија, откупна цена изнесува мизерни 9 денари за килограм

Latest from Blog

Привремената претседателка на Венецуела најави масовна амнестија

Во говорот пред Врховниот суд на Венецуела, на кој присуствуваа високи владини претставници, Делси Родригез рече дека ќе предложи „општ закон за амнестија што ќе го опфати целиот период на политичко насилство

Сахарска прашина од понеделникот е во офанзива низ Грција и Македонија

На 26 јануари густ облак од сахарска прашина се движеше кон север од Северна Африка, влијаејќи на квалитетот на воздухот низ големи делови од Балканот и југоисточните делови на Медитеранот. Оваа визуелизација

ФОТО РЕПОРТАЖА: Заборавено од институциите – Требиште во Голо Брдо со децении без основни услови за живот

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од

Проданоски на чествувањето на Св. Атанасиј во Големо Радобил

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата литургија во црквата „Св. Никола“ во село Големо Радобил, по повод големиот христијански празник Св. Атанасиј – Атанасовден. Заедно со бројни сограѓани,

ФОТО РЕПОРТАЖА: Тешки услови за живот на Македонците во Требиште, Голо Брдо

Село Требиште областа Голо Брдо е најоддалечената административна единица на општина Булќиза, со околу 3 илјади жители регистрирани во шест населби. Во пракса, оваа бројка постои само во официјални документи. Помалку од
Go toTop