Рама: Политичарите на Косово мора да докажат со дела дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ

June 30, 2023
1 min read

По веста дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го подржува предлог на албанскиот премиер Еди Рама за решавање на тензиите меѓу Косово и Србија преку конференција на високо ниво, реагираше Рама кој на Твитер напиша дека “ова е добра вест за имплементација на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија”.

-Добра вест е напредокот на идејата за конференција на највисоко ниво, без краен рок, до постигнување целосен договор за спроведување на француско-германскиот план меѓу Косово и Србија, кој денеска беше поддржан од самиот претседател Шарл Мишел, пишува Рама.

Додава дека целиот конфликт секогаш дополнително се деградира, бидејќи несогласувањата се уште продолжуваат.

– Нашиот регион не може да биде вовлечен во еден сосема бесмислен, апсурден конфликт, каде се поигрува со огнот на национализмот, произведувајќи секојдневно причини за борба, со постапки и непостапувања, обвинувања и контраобвиненија, кои секојдневно ја деградираат ситуацијата на северот на Косово и ја поткопуваат градбата изградена со толку напори на регионална соработка, нагласува Рама.

Посочува дека политичарите на Косово мора да се покажат со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ.

-Политичарите на Косово мора да докажат денес, со дела, а не со зборови, дека овој регион припаѓа на Берлинскиот процес, а не на соништата на Кремљ, а Косово не може да биде несвесното ткиво на кое се проектираат тие соништа, додека некои од нив изгледаат дека сликаат херојска слика за историјата, оценува Рама во објава на Твитер постирајќи фотографија од средбата со Мишел во Брисел.

Според него, денеска, кога во Брисел, во работната агенда на Комисијата е подготовката на нов план за финансиска и економска поддршка на земјите од нашиот регион, кога Албанија се подготвува да биде домаќин на Првиот самит на Берлинскиот процес во Западен Балкан, кога “сите ние мора да бидеме обединети, да го унапредиме овој витален процес за нашата заедничка европска иднина, зајакнувајќи ги нашите врски, нашите економии, нашиот заеднички пазар, северот на Косово му нуди на светот прикажување на црно-бел филм на стариот Балкан, што може само да ги забавува циничните гледачи на истокот од границите на Европската унија”.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Поранешниот потпретседател на САД, а сега противкандидат на Трамп, го посети Зеленски во Киев

Следно

Земјотрес со јачина од 4 степени во Босна и Херцеговина

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop