Рама: Ние бевме Северна Кореја во Европа, мора да останеме со ЕУ

September 17, 2025
1 min read

Тој додаде дека земјата се подготвува да се приклучи на ЕУ и ги повика студентите да го унапредат европскиот дух.

– Се надевам дека пред секое понатамошно стекнато знаење, ќе го унапредите европскиот дух. Колку е лесно овој дух да биде поткопан, особено во моменти на криза. Колку е кревка слободата. Јас сум роден, израснат и живеев половина од мојот живот, изолиран од Истокот и Западот. Бевме Северна Кореја во центарот на Европа. Европа беше соѕвездие, црно-бел сон, истакна Рама..

Тој нагласи дека Албанија и во 1989 година била подеднакво  изолирана и од Западот и од Истокот.

– Другите ги отворија границите, ние останавме во нашите бункери. Транзицијата што дојде беше хаотична, па дури и трагична. Демократијата, институциите, владеењето на правото бараат децении. ЕУ не е само унија на економии, туку најсофистицирана машина за трансфер на знаење. Мора да останеме со ЕУ. Не се откажавме, посочи албанскиот премиер. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал стана апсолутен рекордер по бројот на пенали кои ги добил во ЛШ

Следно

Стопанска банка со промет од над 11 милиони денари ја предводи трговијата

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop