Рама најави дека Албанија ќе произведува автомобили за државните институции

January 11, 2024
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Албанија има подготвен проект за производство на автомобили за потребите на државата, со домашна компанија, која до сега  произвела амбулантни возила за Украина, но и за соседните земји Македонија, Бугарија, Турција.

Додаде дека овие автомобили ќе бидат пуштени во употреба за потребите на министерството за здравство, за внатрешни работи и Националната агенција за транспорт и нагласи дека проблемот со транспортот на наставниците исто така ќе биде надминат.

-Создавањето на акционерско друштво за производство на возила за потребите на државата и за извоз е многу убав проект, кој ќе ни даде можност да произведуваме за потребите на Министерството за здравство, МВР, Националната агенција за транспорт и за извоз, врз основа на стручноста на една девојка Албанка, Арјета Пуца, со која го градиме овој процес, со нејзиното претпријатие, но кое победува на меѓународни тендери за испраќање амбулантни возила надвор од земјата, рече Рама.

Арјета Пуца е претприемач која моментално произведува амбулантни возила во нејзината фабрика во Албанија и беше избрана од ОН да произведе 500 амбулантни возила кои се испорачани во Украина.

Заедно со нејзиното семејство, Пуца ја основала компанијата „ТИМАК“ во 2016 година, произведувајќи над 150 амбулантни возила за албанските болници, како и за соседните земји како Македонија, Бугарија, Турција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Косово за антибиотици не треба рецепт, доволни се само пари

Следно

Русија тврди дека САД продолжиле да купуваат руска нафта

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop