Рама: До август 8,5 милиони туристи ја посетиле Албанија

September 14, 2024
1 min read

д јануари до август годинава Албанија ја посетиле околу 8,5 милиони туристи, бројки, кои според премиерот Еди Рама, се преточуваат во супер промоција за државата.

Според него покрај зголемувањето на бројот, се проширила и географската карта од каде доаѓаат странските туристи.

– Околу 8,5 милиони странски посетители уживаа во Албанија од јануари до август оваа година. Не само повеќе по број во споредба со која било претходната година, туку и со разновидност на земји на потекло, каде карактеристичните пазари дефинитивно продолжуваат да се консолидираат, истакна Рама.

Тој доаде дека има се повеќе туристи од далечни и нетипични земји како Мексико, Бразил, Канада, Нов Зеланд и Австралија, но и Азербејџан, Кина и Јапонија, каде што „растечките бројки исто така се претвораат во суперпромоција за Албанија“.

– Туристичката година продолжува со цели групи кои уживаат во атракциите од север до југ, од Алпите до културните знаменитости, историските тврдини и градовите на УНЕСКО, без да ја заборават фантастичната храна која нема споредба и албанското гостопримство на хотелиерите што не прави горди, посочи Рама.

Минатата година земјата ја посетиле над 10 милиони туристи, што беше за околу 2,5 милиони повеќе споредено со претходната година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кабинетот на Сиљановска-Давкова: Ќе побараме објаснување од бугарската страна

Следно

Коце Трајановски: Работна сабота на терен

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop