Ракот на грло на матката шесто најчесто малигно заболување кај жените

January 21, 2025
1 min read

Јануари е месец посветен на подигнување на свеста за рак на грлото на матката – еден од најчестите и најпревентабилни видови рак кај жените. Ракот на грлото на матката се развива бавно, што овозможува рано откривање преку редовни гинеколошки прегледи и скрининг тестови, како што е ПАП-тестот и тестирањето за хуман папилома вирус (ХПВ), нагласуваат денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според последно објавените податоци на ИЈЗ, во 2022 година имало 173 пациентки со рак на грлото на матка, а бројот на починати од ова заболување бил 66.

– Во периодот од 10 години, односно од 2013 до 2022 просечната инциденца за ова заболување била 9,2 на 100000 жени, или околу 170 нови случаи секоја година, тоа го прави ракот на грлото на матката 6-то најчесто малигно заболување кај жените. Според податоците за морталитет, морталитетот изнесува 2,9 смртни случаи на 100000 жени, или во просек 52 починати жени во овој период од рак на грлото на матката. Со редовни прегледи и водење добра грижа за сопственото здравје, сите овие смртни случаи може да бидат избегнати, бидејќи добар скрининг и рано откривање на сите случаи, води кон добри можности за ефикасен третман и избегнување на многу смртни случаи, велат од ИЈЗ.

Главниот причинител е инфекцијата со ХПВ, вирус што се пренесува по сексуален пат. Иако повеќето ХПВ инфекции се безопасни и спонтано исчезнуваат, некои типови на вирусот можат да доведат до појава на преканцерозни промени или рак – тоа се ХПВ 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58 и 59. Покрај хуманиот папилома вирус (ХПВ) како најчест предизвикувач, други фактори што го зголемуваат ризикот за развој на ова заболување се ран почеток на сексуални односи – поголема изложеност на ХПВ вирусот во помлада возраст, потоа повеќе сексуални партнери – зголемен ризик за ХПВ инфекција. Потоа, слабиот имунолошки систем и пушењето.

Според ИЈЗ, вакцинацијата против ХПВ е најефикасниот начин за превенција, редовните скрининг прегледи, како и безбедните сексуални практики.

Во раните фази, овој рак често нема симптоми. Но, напреднатите фази може да предизвикаат абнормално вагинално крварење помеѓу циклус, после менопауза или по сексуален однос, болка за време на сексуален однос, потоа болка во грбот, нозете или карлицата, необичен вагинален исцедок со интензивна непријатна миризба, губење на телесна тежина, апетит проследени со слабост и малаксаност, отоци на нозете. Раното откривање и навременото лекување значително ги зголемуваат шансите за излекување.

Третманот за рак на грлото на матката, како што додаваат, зависи од стадиумот на болеста. – Рани фази: хируршка интервенција или минимално инвазивни процедури. Подоцнежни фази: комбинација од радиотерапија и хемотерапија. Поддршката за жените кои поминуваат низ ова искуство е исто толку важна, како и медицинскиот третман. Групи за поддршка, психолошка помош и социјална поддршка играат клучна улога во подобрување на квалитетот на животот, потенцираат од Институтот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Следно

Во Лима откриен редок фосил од ајкула стар 9 милиони години

Latest from Blog

Околу српскиот парламент распоредени полициски сили: Собири на приврзаници на власта и поддржувачи на мајка која штрајкува со глад (ВИДЕО)

Поддржувачи на српските власти се собираат попладнево во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, место што спроти Собранието, а се одделени со ограда и голем кордон полиција во опрема за

Од дијалог до акција: Западен Балкан со заложба за унапредување на квалитетот на образованието

Во Скопје денеска се одржал регионален стратешки дијалог „Од податоци кон дејствување: Креирање заеднички решенија за квалитетно образование во Западен Балкан“, организиран од УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија во соработка со

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен
Go toTop