Радојчиќ презеде одговорност за случувањата на северот на Косово

September 29, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Милан Радојчиќ денеска ја презеде одговорноста за настаните во Бањска, Косово, на 24 септември, и изрази подготвеност да одговори на надлежните органи на Србија, и поднесе оставка од местото потпретседател на Српска листа, јавува Анадолу.

Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ ја прочита неговата порака во која наведува дека на северот од Косово на 24 септември дошол со своите сонародници и дека лично ги направил сите логистички подготовки, и дека за тоа не известил никого од властите во Србија ниту од структурите на власт на северот на Косово.

Како што истакна, не добил никаква помош од властите во Србија, бидејќи „тие веќе дотогаш имале различни ставови по прашањето на досегашните методи на отпор“.

Тој додава дека акцијата тој ден немала никаква врска со неговата политичка ангажираност во Српска листа.

Радојчиќ наведува и дека причината за враќањето на северот на Косово е „да го охрабри српскиот народ да пружи отпор на режимот на косовскиот премиер“.

Како што наведе, до смртта на косовскиот полицаец дошло случајно, по што се случил жесток судир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Милан Радоичиќ поднесе оставка од местото потпретседател на Српската листа

Следно

Шестмина загинати при пад на авион во Зимбабве

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop