Радојчиќ даде изјава во српското МВР во врска со Бањска

September 30, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Донеодамнешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радојчиќ, утрово даде изјава во Министерството за внатрешни работи на Србија во врска со трагичните настани во Бањска, Косово, на 24 септември, јавува Анадолу.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој утрово во 10 часот дошол во просториите на Министерството со адвокат и дал изјава во својство на граѓанин, а извештајот за тоа ќе го објави Вишото јавно обвинителство.

Се наведува дека обвинителството ќе преземе понатамошни процесни мерки и дејствија во негова надлежност.

Радојчиќ вчера во изјавата што ја прочита неговиот адвокат ја презеде врз себе целосната одговорност за случувањата во Бањска, наведувајќи дека немал помош од властите во Србија, ниту пак ги информирал за тоа.

Тој поднесе оставка на местото потпретседател на Српска листа.

Во напад на група Срби на 24 септември, предводена од Радојчиќ, убиен е косовски полицаец, а потоа косовската полиција во антитерористичка акција ликвидира четворица напаѓачи и уапси уште шестмина. Останатите, како и Радојчиќ, побегнаа во Србија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска ги посети припадниците на Армијата дел од силите на НАТО во Бугарија

Следно

Роналдо по победничкиот гол против Ал-Таи:„Девет победи по ред е одлична работа

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop