Радев: Во моментов сме во состојба на вето за С Македонија и така ќе биде додека Бугарите не бидат впишани во Уставот

February 9, 2023
3 mins read

„Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка со помош на претседателот Макрон, првата меѓувладина седница ќе се одржи, односно преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе бидат впишани во Уставот на нашиот сосед. Сè додека не се впишани, преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“, изјави бугарскиот претседател одговарајќи на новинарско прашање, дали Софија планира ново вето за С Македонија

Радев изјави дека иако оваа тема не е на дневен ред на состанокот, тој со сигурност ќе ја постави затоа што, како што истакна, проблемите со Северна Македонија задираат во темелите на Европската Унија. Тој, како што изјави пред новинарите, ќе ги повика своите колеги во Брисел за поголема солидарност и ангажираност и ќе бара од Европската Унија да наложи мониторинг и гаранции за почитување на правата на македонските Бугари

За бугарскиот претседател Румен Радев во моментов владее состојба на вето во однос на продолжувањето на евроинтеграциските процеси на С Македонија бидејќи македонските Бугари, како што вели, сè уште не се впишани во Уставот на земјава, а со тоа и преговорите не се започнати.

 „Во моментов сме во состојба на вето. Со решението што успеавме со голем труд да го вметнеме во преговарачката рамка со помош на претседателот Макрон, првата меѓувладина седница ќе се одржи, односно преговорите ќе започнат дури откако Бугарите ќе бидат впишани во Уставот на нашиот сосед. Сè додека не се впишани, преговорите не се започнати. Тоа е состојба на вето“,

изјави бугарскиот претседател пред почетокот на состанокот на Европскиот совет што денеска и утре се одржува во Брисел одговарајќи на новинарско прашања дали Софија планира ново вето за С Македонија.

Бугарскиот претседател, Румен Радев пред состанокот на Европскиот совет што денеска и утре се одржува во Брисел/Фото: Принтскрин

Радев изјави дека иако оваа тема не е на дневен ред на состанокот, тој со сигурност ќе ја постави затоа што, како што истакна, проблемите со Северна Македонија задираат во темелите на Европската Унија.

„Пред две години точно тука го поставив првпат проблемот пред нашите европските партнери за правата на македонските Бугари. На почетокот тоа се восприемаше многу тешко. Беа потребни две вета додека нашите европски партнери разберат дека тоа е сериозен проблем и да ја усвојат бугарската позиција која всушност е адекватна на европската позиција и таа најде место во преговарачката рамка за Република Северна Македонија“,

рече Радев.

Според него, антибугарската кампања во Северна Македонија веќе води кон злосторства од омраза – палење и пукање во бугарски клубови и физичко насилство.

„Очекувам дефинитивна и институционална реакција од властите на Република Северна Македонија и итни активности за откривање на сторителите. За жал, во моментов не гледам политичка волја и има неусогласеност меѓу политичките амбиции и заложби на РСМ и реалноста во која живеат македонските Бугари таму. Негирањето на постоењето на овие проблеми само го одложува решението, доведува до повеќе криминал и чувство на неказнивост и стимулира злосторства од омраза“,

изјави Радев.

Затоа, вели бугарскиот претседател, ќе ги повика своите колеги во Брисел за поголема солидарност и ангажираност и ќе бара од Европската Унија да наложи мониторинг и гаранции за почитување на правата на македонските Бугари.   

„Со истата енергија како што бараат од нас забрзување на процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, ЕУ да наложи мониторинг и гаранција за почитување на правата на македонските Бугари“,

изјави бугарскиот претседател во Брисел.

Односите меѓу Скопје и Софија изминатите неколку недели доживеаја ново заладување по инцидентот во Охрид во кој беше претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, македонски државјанин кој се декларира како Бугарин, како и со чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари во Скопје.

Настаните беа повод Софија да ја обвини земјава дека води системска дискриминација, агресија и насилство врз Бугарите во земјава, за што 48. Народно собрание на Бугарија на последната седница пред да се распушти усвои декларација во која го официјализираше ваквиот наратив и дискурс на Софија кон Скопје.

Министерството за надворешни работи на С Македонија излезе со став дека декларацијата не соодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи и им оди само во прилог на провокаторите чија цел е да предизвикаат политички активности кои негативно влијаат на односите меѓу двете држави и со тоа ги минираат напорите за враќање на конструктивната патека и нега на партнерските односи.

Завчера шефот на дипломатијата Бујар Османи упати порака до Република Бугарија дека е време, како што рече, да го прекинеме циклусот на негативни односи кој не е во интерес на двете држави.

Обично, како што изјави Османи, изборите се тие што ја вжештуваат комуникацијата меѓу двете држави, посочувајќи ги политичарите кои во недостиг на програмска понуда „се фаќаат за резервните теми кои создаваат емоции“.

„За жал, не секогаш комуникацијата се движеше низ таа предвидена динамика и низ таа договорена волја за соработка меѓу двете држави и тоа од многу причини. Пред сè честите изборни процеси во Република Бугарија. Знаете дека на 2 април ќе имаат петти изборен циклус во последните две години, односно ќе имаме петти министер за надворешни работи со кој јас ќе треба да работам во услови во кои јас сум само две години министер за надворешни работи што создава една непредвидливост во комуникацијата и одржување на таа договорена волја. Обично изборните процеси се тие кои ја вжештуваат комуникацијата. Има политичари кои во неможност да нудат нешто на граѓаните секогаш се фаќаат за резервните теми кои создаваат емоции и од нив прават сопствен наратив во тој политички натпревар што го наметнуваат изборите“,

рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со неговиот чешки колега, Јан Липавски кој пред два дена беше во официјална посета на Скопје.

Инаку, Комитетот на министри на Советот на Европа на вчерашната седница ја усвои Резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија, во која никаде не се спомнува терминот системска дискриминација, нешто на што, како што неодамна соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, инсистирала Бугарија да биде вметнато преку амандмани.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин игра на време

Следно

Турскиот потпретседател Октај: Во силните земјотреси 14.351 загинат

Latest from Blog

СДСМ: Мицкоски прави де фокус од проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, не може тој да зборува за „квалитет на кадри“

Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направено, граѓаните од Кочани имаат само една цел – реалокација односно затворање на депонијата

„Колега Крмов, благодарам најпрво за грижата меѓутоа очигледно е дека позади оваа грижа стои интерес како да се освојат ситни политички поени на еден проблем кој што е навистина горлив и на

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да

Порошенко: Третата светска војна веќе почна

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека иако украинските партнери стравуваат дека војната против неговата земја може да прерасне во трета светска војна, тие треба да се разбудат бидејќи, како што наведе,

Нов закон за спречување на семејното насилство

Додека не сме подготвени да издвоиме пари за имплементирање на стратегиите за спречување насилство врз жени и семејно насилство, да не се лажеме дека превземаме нешто. Направивме нов закон за спречување и
Go toTop