Работниците на „Еуроникел индустри” бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа

January 3, 2024
1 min read

реклама


 Работниците на „Еуроникел индустри” не прифаќаат само стотина да ја одржуваат печката на фабриката, како што предложила банката доверител и нов сопственик на комбинатот и бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа, изјави денеска претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, Игор Герасов, за МИА, повторувајќи ја неизвесноста за околу 800 работници и многу други соработници на компанијата. 

– Нашиот став е веќе познат, што побрзо да се најде инвеститор, за фабриката да може да продолжи да работи. Банката доверител ја активираше хипотекарната гаранција, сега таа е сопственик на комбинатот. Странските газди веќе не раководат со фабриката, работниците се оставени сами на себе. Предлог на банката беше да останат сто луѓе на работа да ја одржуваат печката за просечни плати, додека да се најде инвеститор, појасни Герасов. 

реклама

Тој нагласи дека сите работници апелираат до банката, да се изнајде решение и побрзо да дојде инвеститор. 

– Како што сум информиран од банката, во финални разговори се со некој инвеститор и се надеваат на потпишување на договор, што е можно побрзо. За да може компанијата да продолжи со работа, нагласи Герасов.  

реклама

Тој  додаде дека работниците немаат земено три плати. 

Во изминатиот период, вработените во поранешно „Фени” неколку пати протестираа барајќи фабриката да се врати во живот, нагласувајќи дека со децении таа беше гигант и важен субјект за тиквешката и македонската економија. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски дрон уби најмалку 6 лица во Бејрут

Следно

Најпопуалрните арии, дуети и балетски точки на традиционалниот Гала концерт за Василица во НОБ

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop