Работна средба на министерот за внатрешни работи Тошковски со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан

August 29, 2024
1 min read

Денеска (29.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан. На средбата беше потврдена одличната соработка, а акцентот беше ставен на тековните проекти, кои со поддршка на УНДП се спроведуваат во МВР.

Беа потенцирани придобивките од продолжување на заедничката соработка во борбата против недозволено поседување, злоупотреба и нелегална трговија на мало и лесно оружје, компјутерскиот криминал, зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје, како и можноста за соработка и во областа на управувањето со кризните ситуации со цел зајакнување на безбедноста на државата, како и реализација на нови проекти.

Двајцата соговорници го потенцираа значењето на целокупната поддршка што УНДП ја дава на Министерството за внатрешни работи, како и подготвеноста за понатамошно интензивирање и продлабочување на соработката.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Вајмар, родниот град на Гете, на Искра Гешоска ѝ беше врачен медалот што го носи името на големиот философ

Следно

ЕУ повикува на „хуманитарна пауза“ за вакцинација против детска парализа во Газа

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop