ЕУ повикува на „хуманитарна пауза“ за вакцинација против детска парализа во Газа

August 29, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, во името на ЕУ, со писмено соопштение побара итна хуманитарна пауза за да се осигури дека сите деца во Газа ќе се вакцинираат против вирусот на детска парализа, известува Анадолу.

Во соопштението, истакнувајќи ја важноста од натамошна соработка на сите страни со Светската здравствена организација, Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и УНИЦЕФ за спроведување и дистрибуција на вакцини, се нагласува:

„Посветеноста на сите страни во хуманитарната интервенција ќе биде клучна за да се обезбеди успешно и навремено спроведување на овие итни кампањи. Заштитата на здравствените установи и персоналот и осигурувањето безбеден пристап за децата и семејствата до центрите за вакцинација ќе биде од суштинско значење.“

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека на 16 август во Деир ал Балах, Појасот Газа, е откриен случај на детска парализа кај 10-месечно дете.

Во соопштението објавено на 25 август палестинското Министерство за здравство наведе дека пристигнале вакцини против детска парализа и повика на притисок врз Израел да дозволи овие вакцини да влезат во Газа.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), Меѓународниот детски фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите истакнаа дека е потребна хуманитарна пауза во конфликтот за да можат повеќе од 640.000 деца во Појасот Газа да се вакцинираат против детска парализа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работна средба на министерот за внатрешни работи Тошковски со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан

Следно

Серхио Рамос се сели во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop