Работилницата „Истражувања за турскиот јазик во Северна Македонија: Вчера – денес – утре“ се одржа во Скопје

May 22, 2024
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Институтот „Јунус Емре“ Скопје и претставништвото на Турската фондација Маариф (ТМВ) Скопје, со поддршка од Секторот за образование во Амбасадата на Туркије во Северна Македонија, во Скопје се одржа работилницата „Истражувања за турскиот јазик во Северна Македонија: Вчера – денес – утре“, на која присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Фатих Улусој, претседателот на Институтот за турски јазик (ТДК) на Туркије, проф. д-р Осман Мерт, претставници на турските институции и организации во земјава, академици и гости, известува Анадолу.

Во своето обраќање амбасадорот Улусој рече дека Турците, кои Балканот го претвориле во свој дом низ вековите, зад себе оставиле безброј архитектонски дела, како што се џамии, анови, бањи, каравансараи, покриени чаршии и општествени комплекси, како и турскиот јазик и литература, како древен културен елемент на овие територии.

Посочувајќи дека Турците од Северна Македонија направиле големи жртви за да го зачуваат турскиот јазик во живот, Улусој рече: „Во оваа борба интелектуалците и новинарите што произведуваа дела од различни гранки на литературата, особено поезијата, одиграа важна улога. Употребата на весникот ‘Бирлик’ како учебник во училиштата, несебичниот труд на припадниците на движењето Јуџел, се искрените напори за оваа кауза. Литературата и поезијата отсекогаш имале исклучително место во срцата на турската заедница во Северна Македонија и песните на мајсторите поети израснати во ова општество придонесоа за опстанокот на турскиот јазик.“

Амбасадорот Улусој истакна дека катедрите за турски јазик на водечките универзитети во Северна Македонија имаат значајна должност за правилното презентирање на турскиот јазик, култура и литература, нивно воведување во академската заедница и пренесување на новите генерации. Улусој рече дека трудот и вложениот напор на наставниците, предавачите и учениците за одржувањето на турскиот јазик на овие територии е многу важно и за нив самите.

Наведувајќи дека турските компании во Северна Македонија донеле заедничка одлука да обезбедат вработувања за младите што дипломирале на катедрите за турски јазик, Улусој рече: „Веруваме дека со тоа ќе предизвика интерес што ќе го добијат катедрите за турски јазик и на тој начин ќе се обезбеди значителна поддршка на овие катедри.“

Зборувајќи дека ѝ придаваат големо значење на денешната работилница, амбасадорот Улусој нагласи: „Резултатите од работата што ќе се спроведе тука денес е од исклучителна важност за нас. Јас лично и сите мои колеги, со голем интерес и љубопитност, ги чекаме резултатите од сесиите што ќе се одржат тука.“

Претседателот на Институтот за турски јазик на Туркије, проф. д-р. Осман Мерт, го опиша Скопје како еден од значајните центри на турската културна географија и истакна дека турската култура, заедно со македонската и албанската култура, тука живеат 600 години.

Наведувајќи дека во текот на овој процес во македонскиот јазик се пренесени повеќе од 3.000 збора, проф. д-р Мерт истакна:

„Важен дел од нашите култури, значителен дел од нив е заеднички. Во исто време нашите браќа Македонци, нашите браќа Албанци и нашите предци лежат тука еден покрај друг. Тие го поседуваат ова место. Сопственици на културата се тие. Кон овие простори имаме долг на лојалност. Од овие простори имаше голем број на загинати херои во Војната за независност и во битката кај Чанаккале. Затоа, важно е нашата култура, нашиот јазик да продолжат тука, и како наш долг кон нашите предци и како огранок на нашата култура, но и нашите културни браќа тука да ни бидат блиски.“

Зборувајќи дека како Институт за турски јазик на Туркије ќе продолжат да работат за заедно да направат нешто на овие простори, проф. Мерт изјави дека планираат следната година да ги соберат балканските турколози во Северна Македонија.

Советникот за образование во Амбасадата на Туркије во Скопје, Орхан Куртоглу, објасни дека работилницата има цел на едно место да ги собере лицата од Северна Македонија што се занимаваат со науката за турскиот јазик и научниците што се занимаваат со Балканот и неговата литература, јазик и култура во Туркије.

Информирајќи дека во работилницата учествуваат приближно 40 турколози од двете земји, Куртоглу истакна:

„Би сакале да размениме идеи за досегашните студии спроведени за историјата, музиката, литературата, јазикот, културата и верувањето, кои се однесуваат на науката за турцизмот и на студиите што ќе се спроведуваат во иднина. Сметаме дека ова е почеток бидејќи Балканот, а особено Северна Македонија, е земја што има исклучително важни вредности од аспект на турскиот јазик, културата и историјата.“

Работилницата завршува со денешните сесии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Драма во авион: Патник се обидел да се самоубие, сечел вени со жилет

Следно

СДСМ вечерва ќе одржи седница на Извршниот одбор

Latest from Blog

Слепиот послушник и потрчко на Заев сега на услуга на Филипче, Аврамовска Мадиќ ги изготви славните измени на КЗ за спас на криминалците од СДС и ДУИ

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС,

Шилегов со песната „Во бестрага“ го коментираше новото раководство на СДСМ

Екс градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави реакција по повод Централниот конгрес на СДСМ каде е избрано ново раководство. Тој ја објави песната

КК Будуќност пред финасиски колапс

Градот Подгорица деновиве го блокираше КК Будуќност поради долгови. Поради ова, Управниот одбор одржа итен состанок. На средбата е договорено претседателот Драган Бокан да разговара со претставниците на сопствениците на клубот од
Go toTop