Путин: Уверен сум дека (со членството во НАТО) нема да се зголеми безбедноста на Украина

July 14, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија би можела да го суспендира своето учество во Црноморската иницијатива за жито и ќе се врати кога ќе почне да се спроведува дел од Договорот што е од нејзин интерес, рече вчера претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесува Анадолу.

„Има време за размислување за тоа што треба понатаму да се прави“, нагласи Путин за рускиот телевизиски канал „Русија 24“.

Претседателот на Русија истакна дека досега ништо не е спроведено од Договорот што е од интерес на Русија, нарекувајќи ја ситуацијата „еднонасочна игра“.

Путин додаде и дека Обединетите нации (ОН) искрено настојуваат да ги придобијат западните земји да почнат да ги исполнуваат условите од Договорот за жито.

Што се однесува за членството на Украина во НАТО, Путин рече дека тоа претставува закана за безбедноста на Русија.

„Конкретно кажано, една од причините за специјалната воена операција е заканата со влезот на Украина во НАТО. Уверен сум дека (со членството во НАТО) нема да се зголеми безбедноста на Украина. Всушност, тоа ќе го направи светот многу поранлив и ќе доведе до дополнителни тензии во меѓународната арена“, порача Путин.

„Затоа, не гледам ништо добро во тоа“, додаде претседателот на Русија.

Путин рече и дека испораката на оружје со долг дострел на Украина „само ќе ја влоши ситуацијата“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ НАДЕВАМ ДЕКА МОИТЕ БЛИСКИ ОД НЕКАДЕ ГО ГЛЕДААТ ФИЛМОТ И СЕ СМЕШКААТ, ВАРДАН ТОЗИЈА ГО ПОСВЕТИ ФИЛМОТ „М“ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО КОЕ НЕ ЈА ДОЧЕКА ПРЕМИЕРАТА

Следно

Путин: „Вагнер“ законски не постои

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop