Путин се подготвува за поголема војна, а не за излез од Украина

August 1, 2023
2 mins read

„Законите кои му овозможуваат на Кремљ да испрати стотици илјади нови војници во борба покажуваат една тажна вистина: дека наместо да бара излез од неговата катастрофална војна во Украина, Владимир Путин се подготвува за уште поголема војна,“ пишува за Фајненшл тајмс директорот на Карнеги Русија, Александар Габуев.

Тој објаснува дека периодов има прилично голем број аргументи за да се верува дека рускиот претседател се наоѓа во речиси безизлезна ситуација. Украинската армија постепено напредува на фронтот, а покажува дека може да изврши напади и длабоко на руска територија вклучително и на Кремљ. Во исто време санкциите против Русија продолжуваат да се трупаат, а Западот и понатаму е обединет во поддршката против Киев. Згора на сето ова е бунтот на Пригожин и Вагнер, и видливиот конфликт меѓу руските генерали.

„Работите изгледаат многу поинаку гледано од Кремљ, кој верува дека може да си дозволи долга војна. Руската економија е предвидено годинава да има умерен раст, главно благодарејќи на воените фабрики кои работат без запирање. Критични компоненти како микрочипови потребни за воената индустрија продолжуваат да пристигнуваат од Кина и други извори,“ пишува Габуев.

Голем удел во способноста на Москва да продолжи со војната отпаѓа на финансискиот успех што Русија продолжува да го има и покрај сите санкции што и се товарени.

„И покрај санкциите финансиите на Кремљ продолжуваат да се полнат со готовина, благодарејќи на минатогодишните приходи од енергија а и флексибилноста на руските извозници кои најдоа нови муштерии и кои плаќањата ги вршат главно во јуани,“ смета Габуев, според кого ако работите се влошат, руската централна банка ќе може дополнително да ја девалвира рубљата и да ги олесни плаќањата на војниците и вработените во одбранбената индустрија.

Дури и напредокот на украинската контраофанзива за сега изгледа како да не го потресува Кремљ нешто посебно, а за тоа помага и фактот дека Русија во секое време потенцијално може да мобилизира три до четири пати поголема сила отколку Украина, а со новиот Закон тоа може да го направи кога и да посака без да има потреба да објавува нова официјална мобилизација.

По ново руската влада може „тивко“ да повика во војска колку сака мажи и тоа со новата горна возрасна граница која е крената од 27 на 30 години. Кога ќе биде пуштен електронскиот повик за војска руските граници автоматски се затвораат за секој што е повикан за да се спречи егзодусот на мажи како што тоа беше минатата есен.

Надвор од фронтот, Русија врши притисок и на украинската економија, обидувајќи се да ги секне и онака малите приходи што до сега ги имаше. Последно на списокот е блокирањето на извозот на украинско жито и гранатирањето на украинските пристаништа кои не се под нивна контрола. Руското гранатирање на украинските градови зад фронтот е со цел тие да станат ненаселливи и да се спречи каков било обид за реконструкција.

„Путин направи мноштво фатални грешки. Но се додека тој е главен, Москва ќе ги употреби своите се уште изобилни ресурси за исполнување на неговата опсесија со уништување и потчинување на Украина. Како што западните лидери ги размислуваат следните чекори за поддршка на Украина во третата година од оваа гнасна војна, секоја долгорочна стратегија мора да го има ова предвид,“ порачува Габуев.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Руската морнарица одбила украински напад со пловила без екипаж во Црното Море

Следно

Конечно нешто корисно од вештачката интелигенција

Latest from Blog

Еквадор со победа над Германија до нокаут-фаза, „слоновите“ го преслушаа Курасао (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еквадор приредија вистинско изненадување победувајќија Германија со 2:1 во последното коло во групата Е и со тоа во фотофиниш обезбедувајќи си место меѓу репрезентациите кои ќе продолжат во следната фаза

Драконски казни во САД: Осуммина се осудени на 450 години затвор за обид за убиство полицаец на протести

Поранешен резервист од американскиот морнарички корпус осуден е за обид за убиство на полицаец на 100 години затвор. Другите ќе отслужуваат казни од 30 до 70 години, според Министерството за правда. Минатата година,

Македонија губи население, а инвестициите што можат да донесат работа се соочуваат со отпор

Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици, а иселувањето на младите продолжува да го менува ликот на државата. Националната развојна стратегија 2024-2044 предупредува дека раселувањето, стареењето на населението и концентрацијата на жители

Клоп за паузата хидратација: Добро за играчите, за тренерите ама и за нас возрасните да одиме во тоалет!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Легендарниот Јирген Клоп и тоа како го следи Мундијалот, ако се знае дека е аналитичар во германска телевизиска станица за време на Светското првенство и внимателно следи сè што

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за
Go toTop