Путин: „Русија го суспендира своето учество од договорот за оружје Нов СТАРТ“

February 21, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Претседателот Владимир Путин денес изјави дека Русија ќе го суспендира учеството во единствениот преостанат договор за контрола на оружјето со САД, јавува Анадолу.

Во обраќањето пред рускиот Парламент, познат и како Федерално собрание, во главниот град Москва, Путин рече дека договорот Нов СТАРТ е потпишан во фундаментално различна политичка реалност и повеќе не ја одразува ситуацијата.

Тој рече дека Вашингтон вовел антируски санкции, кои ја спречиле Москва да одржува „непречени инспекции“ на територијата на САД и соодветно на тоа, создал „очигледни еднострани предности за американската страна“.

Тој, исто така, рече дека податоците собрани од американската војска за време на инспекциите може да бидат префрлени на украинската Армија за удари врз стратешките воени објекти на Русија.

Тој, исто така, потсети како НАТО побарал од Русија да продолжи со инспекциите и изразил желба да стане страна на договорот.

„Ваквата изјава е одамна задоцнета. На крајот на краиштата, има повеќе од една нуклеарна сила во НАТО. САД, Велика Британија и Франција исто така имаат нуклеарни арсенали“, рече Путин.

„Велика Британија и САД ги развиваат своите нуклеарни капацитети, кои се насочени и против Русија“, рече тој.

„Принуден сум да објавам денеска дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за намалување на стратешкото оружје (Нов СТАРТ). Повторувам – не се повлекува од договорот, го суспендира своето учество“, рече тој.

Путин рече дека е свесен за плановите на САД да тестира ново нуклеарно оружје и му наложи на руското Министерство за одбрана да се подготви за тестирање на руски нуклеарни оружја како одговор.

„Проактивно, нема да тестираме ништо, но ако САД го тестираат своето нуклеарно оружје, ние ќе го сториме истото тоа како одговор“, рече тој.

Потпишан во 2010 година и продолжен во 2021 година за уште пет години, договорот има за цел да ги контролира и намали стратешките нуклеарни сили што ги користат САД и Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Акар: „Над 20.000 Сиријци во Туркије доброволно се вратија дома по неодамнешните земјотреси“

Следно

Полицијата уапси крадец за џебна кражба на автобуска постојка во Скопје

Latest from Blog

„Трагач за бомби“ пристигна во Британија – СВЕТОТ СТРАВУВА ПРЕД МОЖЕН КОНФЛИКТ (ФОТО)

Авионот на американските воздухопловни сили, познат по прекарот „нуклеарен трагач“, слета во Велика Британија во услови на растечки тензии со иранскиот режим, пишува The Telegraph. Пристигнувањето на специјализираниот авион WC-135R Constant Phoenix

Николоски: Владата целосно застана во подршка на нашите транспортери, има доволно време да се најде вистинско решение

Владата застана рамо до рамо со превозниците на граничните премини, Ги посетив јас, ги поддржа и премиерот и тоа е начинот на кој треба да се работи кога постои еден ваков сериозен

Николоски: ЕУ првпат формално ги третира транспортерите како професионална категорија

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека се во целосна комуникација со транспортерите и дека веќе се договориле да се сретнат по состанокот што треба да се одржи во вторник во Брисел

Разбојници украле куфери со над 2 милиони евра- филмски грабеж во еден од најбезбедните градови во светот

Тројца мажи украле куфери со повеќе од 2 милиони евра во готово на прометна улица во центарот на Токио, соопштија денес полицијата и медиумите, во редок инцидент во јапонската престолнина, позната по
Go toTop