Путин: Постојат различни начини за испорака на рускиот гас во Европа

October 25, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина не сака да го продолжи договорот за испорака на рускиот гас во Европа и додаде дека постојат различни начини за испорака на рускиот гас до европските потрошувачи, известува Анадолу.

Во изјава за рускиот државен канал Русија-24, Путин го коментираше договорниот процес со Украина за испорака на рускиот гас во Европа, кој истекува на крајот на годината.

Наведувајќи дека Украина требала да преземе чекори за продолжување на договорот пред јули 2024 година, Путин рече дека Киев не направил никаков напор во таа насока.

„Русија не одбива да го испорачува рускиот гас, вклучително и преку украинската рута. Меѓутоа, очигледно дека Украина нема да го стори тоа. Украинските власти рекоа дека нема да го продолжат договорот за транзит на природниот гас со руската страна. Тоа значи дека тие ја затворија оваа рута“, рече Путин.

Тој посочи дека Русија може да продолжи да испорачува гас за Европа.

„Постојат различни рути преку кои рускиот гас може да се доставува до европските потрошувачи, а ние не одбиваме да го испорачаме“, рече Путин.

На 5 септември Путин рече дека доколку Украина не го продолжи договорот за транзит, може да дојде до зголемување на испораката на рускиот гас преку Турскиот тек.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Функционерите на Вреди со различни изјави за тоа дали треба да се ратификува договорот за патот Тетово-Призрен

Следно

Само што дојде, а веќе планираат да го испратат на позајмица

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop