СДСМ ќе протестира во Тетово поради новите имиња на улиците?

August 14, 2026
3 mins read

СДСМ остро се спротивстави уште при формирањето на работната група за имиња на улиците и не учествува во неа, бидејќи го знаевме исходот каков ќе биде. Не може работната група да работи без претходно утврден правилник и методологија кои личности може да бидат предложени за имиња на улици во Тетово. Остро ќе реагираме и ќе гласаме против секаква промена на имињата на улиците во Тетово. Можно е да повикаме на протест и на демонстрации, вели координаторот на советничката група на СДСМ во Тетово Живе Алексовски

Протести во Тетово најави СДСМ ако помине контроверзната листа со имиња на улици. Координаторот на советничката група на СДСМ во Тетово, Живе Алексовски, за „Слободен печат“ изјави дека нивните советници ќе гласаат против предложената листа и дека ќе организираат протести за да спречат улици во Тетово да носат имиња на контроверзни ликови.

Претходно, Сојузот на борците од Тетово остро реагираше на оваа листа и оцени дека таа претставува „дрзок обид за рехабилитација на фашисти, албански милитанти и иредентисти, како и за наметнување на брутална албанизација на градот, со Албанци што немаат врска со градот Тетово“.

Владата не ни одговори

Листата со 145 предлози за нови имиња на тетовските улици помина во работната група во рамките на Општината пред два дена. Од Владата не добивме одговор дали листата ќе биде одобрена.

Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека се дискутира само за улиците без име и за оние што се означени со број.

– Предлозите внимателно се избираат за да бидат прифатливи за поширокото население. Доколку некое од прифатените имиња од Комисијата создава поделба, ќе се побара да бидат тргнати од листата. Постојните имиња на улиците остануваат, какви што се борците од НОБ. Кон нив ќе се додадат и имиња од Илинденскиот период, важни личности за заедниците, како и имиња на заслужни тетовци – велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Имињата на улиците во Тетово ја брануваат јавноста откако Уставниот суд ја поништи одлуката на Општината за преименување на улиците во градот, бидејќи за неа Општината не добила согласност од Владата. По одлуката на Судот, ДУИ веќе организираше протести во Тетово.

Сојуз на борци: Обид за рехабилитирање фашисти

Ако СДСМ опстои на најавата, тогаш Тетово повторно ќе се соочи со протести, но овој пат на улица ќе излезат Македонците.

– Точно е дека на 12-ти месецов поминала нова листа со предлози на имиња за 145 улици во Тетово. СДСМ остро се спротивстави уште при формирањето на работната група за имиња на улиците и не учествува во неа, бидејќи го знаевме исходот каков ќе биде. Не може работната група да работи без претходно утврден правилник и методологија кои личности може да бидат предложени за имиња на улици во Тетово. Остро ќе реагираме и ќе гласаме против секаква промена на имињата на улиците во Тетово. Можно е да повикаме на протест и на демонстрации – вели Алексовски.

Со претходно уосгласените 77 имиња, досега се поминати 222 имиња на улици. Се очекува да бидат усогласени уште околу 100 предлози за имиња на улици.

Во реакцијата на Сојузот на борците се вели дека внимателно ја проучиле листата со 145 новопотврдени имиња на улици на седницата од 12.8.2026 година на, според нив, нелегитимната работна група за именување улици.

„Ова е само продолжение и дрзок обид за рехабилитирање фашисти, албански милитанти и иредентисти, за наметнување брутална албанизација на градот со Албанци што немаат врска со градот Тетово, веројатно најголем дел од нив никогаш и не го посетиле, или такви чии биографии апсолутно никогаш и никаде во светот не би се сметале за доволни за ваков облик на изразување највисока општествена чест, како именување улица со нивното име.

Во подолга листа на фашисти и иредентисти повторно меѓу другите се предлага и името на фашистичко-балистичкиот окупаторски градоначалник Џафер Сулејмани. Прашуваме – каде и во кој град во светот улици се именувани по окупатори? Повторно се предлага името на Шериф Казази, кој бил министер во фашистичкото окупаторско Кралство Албанија. Дали можете да замислите име на улица со Хитлеров министер во Лондон? Секако дека не! Светот оди напред, а не ги рехабилитира поразените злосторници од минатото. Знаете ли колку тетовски семејства страдале и загубиле блиски од окупаторските ѕверства? Тоа ли ќе го славиме? Срамно!“, се вели меѓу другото во реакцијата.

Според Сојузот на борците од Тетово, над 20 предлози се имиња на оџи и исламисти кои немаат никаков општествен придонес, а други 20 предлози се со имиња на учителки и учители Албанци од Основното училиште „Лирија“ Тетово, кои немаат никаков релевантен општествен придонес. Од Сојузот реагираат и дека грубо се прекршувате македонскиот јазик и се преведуваат топоними предлагајќи имиња како „Манастирска улица“, со образложение дека името е по вториот најголем македонски град односно Битола. Оттаму порачуваат дека Тетово треба да се гради како современ и напреден град, во кој се почитуваат граѓанските слободи и права, се негува културата на сите етникуми, се почитува уставно-правниот темел на државата. Тие ги повикуваат партиите, избраните и именуваните функционери, власта и опозицијата да не дозволат овој процес да продолжи или да се заврши.

– Јавно ги повикуваме и преостанатите тројца членови Македонци во нелегитимната работната група за преименување на улиците да го напуштат ова тело веднаш – велат од Сојузот на борците.

Неодамна, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владиниот партнер и градоначалник на Тетово Билал Касами разговарале за имиња на улици што се нумерирани или ненумерирани, да бидат именувани по луѓе што се заслужни за Македонија како независна држава.

– И јас стојам зад ова, бидејќи би било добро улиците да бидат именувана по личности што се заслужни за независната држава Македонија – рече тогаш Мицкоски.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Следно

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Latest from Blog

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање,  тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината,

Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот
Go toTop