Путин ја губи контролата над својот народ, вели украинскиот претседател Зеленски

July 3, 2023
1 min read

Одговорот на Путин на вооружениот бунт на приватната руска платеничка група „Вагнер“ е слаб и покажува дека рускиот претседател Владимир Путин ја губи контролата над сопствениот народ, изјави денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Зеленски вели дека извештаите на украинската разузнавачка служба покажуваат дека Москва ја мери поддршката на шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин и според овие резултати, половина од руските граѓани го поддржуваат бунтот на приватната воена група.

„Сета таа вертикална моќ која некогаш Путин ја имаше, сега само се урива“,

рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Украинскиот претседател тврди дека платеничката група претрпела огромни загуби во борбите во источна Украина. Бројката за која зборува Володимир Зеленски не се однесува и на ранетите припадници на „Вагнер“

Вчера, на прес-конференција со шпанскиот премиер Санчез во Киев, Зеленски изјави дека најмалку 21 000 платеници на „Вагнер“ биле убиени во борбите во Украина, а приватната воена фирма со која управува Евгениј Пригожин претрпела огромни загуби, особено во источна Украина, каде што се бореле нејзините најподготвени формации.

„Нашите војници убиле 21 000 ‘вагнеровци’ само во источна Украина. Тоа се огромни загуби за ‘Вагнер’, чии борци се поранешни припадници на руската армија осуденици кои немаат што да загубат“,

изјави Зеленски за време на прес-конференцијата со шпанскиот премиер Санчез во Киев.

Инаку по неодамнешниот неуспешен пуч на приватната платеничка група, останува нејасна иднината на групата, но и на нејзиниот лидер. Разузнавачките информации се дека дел од платениците најверојатно, заедно со Пригожин, заминале во Белорусија каде што се подготвува база во која би се стационирале. Белорускиот претседател Лукашенко пред неколку дена изјави дека групата „Вагнер“ и нејзиното знаење би можеле да бидат искористени за обука на армијата на Белорусија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(АНАЛИЗА) На „огнените“ од ДУИ им останува само формирање нова партија

Следно

Патрик Виера нов тренер на Стразбур

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop