Путин избра наследник на Пригожин на кормилото на „Вагнер“?

July 15, 2023
1 min read

Рускиот претседател зборувајќи за „Комерсант“ самиот потврдил дека на состанокот со Евгениј Пригожин  и неколкумина високи офицери на платеничката група кој се одржал пет дена по неуспешниот пуч на „Вагнеровци“ предложил раководењето со паравоената формација да го преземе искусен и познат човек од редовите на „Вагнер“

„Многумина климнаа потврдно со главите откако ја пренесов оваа идеја“, изјави Владимир Путин  

Најверојатно нов лидер на „Вагнер“ ќе биде Андреј Трошев познат под прекарот „Седокосиот“. Станува збор за пензиониран полковник на руската армија и еден од основачите на „Вагнер“.  Трошев е роден во април 1953 година во Ленинград, во поранешниот Советски Сојуз. Тој е ветеран од војните во Чеченија и Авганистан. За неговата служба во Авганистан, Трошев беше одликуван со два ордени на Црвена звезда – одликување на Советскиот Сојуз за исклучителна служба. Одликуван бил и за службата во Чеченија.

Според руските независни медиуми „Седокосиот“ бил дел од специјалниот одред за брз одговор на Северозападниот федерален округ на руското Министерство за внатрешни работи.

За неговата блискост со руските раководни структури зборува и податокот дека бил меѓу поканетите на приемот во Кремљ во декември 2016 година.

Андреј Трошев на прием во Кремљ во 2016 година

Тој веќе е на листата европски санкции поради неговот учество во борбите во Сирија каде бил началник на оперативниот штаб на „Вагнер“. Украина воведе санкции против Трошев на 26 февруари 2023 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За неполни 3 месеци Бајден собра 72 милиони долари за неговата втора кандидатура

Следно

„Со повисоките даноци власта на сметка на граѓаните и успешните и дисциплинирани компании ќе го полни буџетот, кој после безмилосно ќе го троши и краде“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop