Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново

November 10, 2024
1 min read

Пуштено е на домашно лекување, 20-годишното момче кое беше тешко повредено при пукање во Арачиново на 1 ноември. Тогаш беше убиен 56-годишниот татко на момчето.

– Во врска со вториот пациент, примен на 1 ноември во Ургентниот центар со прострелни рани, информираме дека пациентот е во добра општа здравствена состојба и пуштен на домашно лекување – соопштија вечерва од ТОАРИЛУЦ.

Како што појаснуваат, медицинските екипи кај овој пациент веднаш ја извршиле неопходната дијагностика, по што била извршена хируршка интервенција, што поминала во најдобар ред.

Од Секторот за внатрешни работи – Скопје на 3 ноември информираа дека ги расчистиле убиството и обидот за убиство врз таткото и синот. Убиството било извршено со огнено оружје. Бил утврден идентитетот на сторителите – две лица на возраст од 23 и 31 година.

Осомничените, како што соопшти тогаш Јавното обвинителство, заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син, поради нерасчистени должничко доверителски односи – долг од 7.000 евра, што, сега починатиот, го имал кон покојниот татко на осомничените.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зајкова од ЛДП офанзивно против иницијаторите на повикот за нејзина смена, пазарџиски раководела со партијата

Следно

Потрага со дрон по исчезнатата Трајковска! Пронајдени нејзини предмети

Latest from Blog

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop