Пуштен во употреба нов спортски терен во Ченто

August 24, 2023
1 min read

Нов спортски терен изграден на најсовремена тартан подлога добија жителите на населбата Ченто.

Спортскиот терен се наоѓа на улицата „Среќко Пужалка“, а денеска го пушти во употреба градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

– Спортскиот терен кој денес го пуштивме во употреба е барање на граѓаните на кои години наназад им било ветувано, но никогаш не било изградено. Општина Гази Баба во рамките на ова работно лето изгради осум спортски терени на најсовремена тартан подлога и еден спортски терен на подлога од вештачка трева. Инвестиции од ваков обем во спортската инфраструктура во Гази Баба досега немало, нагласи Стефковски.

Тој денеска го посети и населеното место Гоце Делчев каде во тек се градежни активности за асфалтирање на локалните улици.

– Оваа година ја реализираме историски најголемата акција за асфатирање на локални улици во сите населени места. Во рамки на акцијата ќе се опфатат повеќе од 40 улици. Од почетокот досега, асфалтиравме локални улици во Ченто, Ергеле, Идризово, Булачани и други населени места, истакна Стефковски.

Тој најави дека во периодот кој претстои ќе се реализира и проектот за водоснабдување на Брњарци, со што ова населено место конечно ќе добие чиста вода за пиење.

– Ќе започнеме со реализација на третата последна фаза за изградба на фекална канализација во Црешево, очекуваме за многу скоро од денес да започне изградбата на патната инфраструктура во Хиподром 2 и многу други проекти, информираше Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи со дузина свои колеги од светот на Твитер ја „испеа“ украинската химна

Следно

Блескаво евро-деби на Миовски: Гол и асистенција за 4 минути за реми на Абердин (ВИДЕО)

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop