Пукано врз автомобилот на турскиот амбасадор во Картум, Чобаноглу

May 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Судан, каде што продолжуваат судирите меѓу Армијата и Силите за брза поддршка (СБП), пукано е врз возилото на турскиот амбасадор во Картум, Исмаил Чобаноглу, кое било дел од конвојот на Амбасадата. Во инцидентот нема жртви или повредени, известува Анадолу.

Според информациите добиени од дипломатски извори, пукано е врз возилото на амбасадорот Чобаноглу, кое било дел од конвојот на турската Амбасада во Судан, каде што продолжуваат судирите во земјата.

Информирајќи дека нема загинати или повредени во инцидентот, се известува дека сторителите сѐ уште не се познати.

– Конфликт меѓу Армијата и СБП во Судан

Несогласувањето во последните неколку месеци околу „воената безбедносна реформа“, што предвидуваше целосно учество на Силите за брза поддршка (СБП) во војската во Судан, која беше формирана во 2013 година за поддршка на владините сили против вооружените бунтовници во регионот Дарфур, се претвори во жежок конфликт, почнувајќи утрото на 15 април.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја разреши преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба во потег што политичките сили го нарекоа државен удар.

Транзицискиот период на Судан, што започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, треба да заврши со избори на почетокот на 2024 година.

Од почетокот на судирите досега, според суданското Министерство за здравство, животот го изгубиле над 550 луѓе, а повеќе од 5.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Туркије спаси 59 нерегуларни мигранти

Следно

Уапсен малолетник во Ниш: Се заканувал дека ќе убие повеќе од 30 луѓе

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop