Пукање во Белград, две лица се ранети

May 22, 2023
1 min read

Престрелката, како што јави РТС, се случила нешто пред 20 часот на улицата „Максим Горки“ во Белград, при што нападнатиот маж се здобил со повреда на десната натколеница. Недалеку оттаму бил пронајден уште еден маж кој, според Н1, имал повреда на грбот предизвикана од огнено оружје. Засега не е познато дали двајцата повредени се поврзани со ист инцидент

Маж е ранет во престрелка која вечерва се случила во белградската општина Врачар.

Престрелката, како што јави РТС, се случила нешто пред 20 часот на улицата „Максим Горки“ во Белград, при што нападнатиот маж се здобил со повреда на десната натколеница. Тој е пренесен во Ургентниот центар.

Недалеку оттаму, на улицата „Новопазарска“ бил пронајден уште еден маж кој, според Н1, имал повреда на грбот предизвикана од огнено оружје.

Засега не е познато дали двајцата повредени се поврзани со ист инцидент.

Според неофицијални информации кои ги објави српски „Телеграф“, еден од ранетите е македонски државјанин, но засега таквата информација е непотврдена.

Пред безмалку 20 дена, во ОУ „Владислав Рибникар“ во оваа белградска општина се случи масовно убиство во кое 13-годишно момче уби десет лица, од кои девет соученици и чуварот на училиштето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Опожарениот мост го држат затегнати челични кабли, но кој и како ќе пресече дали се оштетени

Следно

Пешевски: Како синдикат на градежништво бевме приморани да го оспориме пред Уставниот суд специјалниот закон кој беше донесе за „Бехтел и Енка“

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop